29.6.2016

Отворена нова градинка во населбата Пинтија

Нова детска градинка со капацитет за згрижување на 80 до 100 деца од предучилишна возраст беше пуштена во употреба денеска во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода. Градинката „Ѓурѓица“, дел од ЈДГ „Весели Цветови“ е со површина од 420 метри квадратни. Има три занимални и едни јасли. Изградена е по снадардите за енергетска ефикасност.

Повеќе

29.6.2016 

Ибрахими се обрати на регионалниот проект: “Платформа за вработување и социјални прашања” 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, денес се обрати на  конференцијата за отпочнување на регионалниот проект „Платформа за вработување и социјални прашања“која што ќе се  одржува  во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Повеќе

24.6.2016

Отворена нова градинка во општина Петровец во која ќе бидат згрижени 80 деца

Во општина Петровец денеска е отворена нова градинка во која ќе може да се згрижат околу 80 деца од предучилишна возраст. Се работи за нов објект за кој Министерството за труд и социјална политика и општина Петровец инвестираа 15 милиони денари.

Повеќе

22.6.2016

Поддршка на социјалните партнери за „Македонија вработува 2

“Економско социјалниот совет го поддржа пакетот закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, со кој се предвидува вработување меѓу 15 и 20 илјади лица. На седницата, како што беше истакнато на денешната прес-конференција,  разгледани се најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува продолжување на проектот „Македонија вработува“ за уште една година со поволностите што беа предвидени во  претходниот проект „Македонија вработува“.

Повеќе

21.6.2016

Најавени 20 илјади работни места со „Македонија вработува 2

Нови 15 илјади до 20 илјади работни места очекува Владата со продолжување на проектот „Македонија вработува“, чија втора фаза треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“, денеска на владина седница се усвоени измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување  и за здравствено осигурување.

Повеќе

16.6.2016

Спасов: Создаваме услови за подобар живот на лицата со интелектуална попреченост

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов денес беа во посета на станбена единица наменета за згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост која работи во рамки на Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино.

Повеќе

14.6.2016

Спасов: Со обуките за ИТ вештини невработените побрзо до работно место

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски остварија посета на тренинг центарот во СЕМОС Едукација, еден од провајдерите што помага за реализација на мерката за обуки за напредни ИТ вештини.

Повеќе

14.6.2016

Ибрахими се обрати на 58-та сесија на Комитетот за економски, социјални и културни права на ООН

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, се обрати на 58-та сесија на Комитетот за економски, социјални и културни права на Обединетите Нации  која се одржа во Женева, како шеф на државната делегација во која имаше претставници од повеќе ресорни министерства.

Повеќе

14.6.2016

Државниот секретар Енвер Хусејин присуствуваше на работен состанок на УНХЦР и ОБСЕ во Белград

Државниот секретар при Министерство за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, присуствуваше на Техничкиот Работен Состанок во организација на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Косово и  Мисијата на ОБСЕ  во Белград, Република Србија. 

Повеќе

11.6.2026

Бесплатно летување за 2.000 деца од семејства во социјален ризик

Две илјади деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства и ова лето ќе имаат можност да одат на бесплатен летен одмор во рамки на проектот што го реализира Владата. Огласот е објавен денеска, а заинтересираните можат да аплицираат до 20 јуни. Првите групи на летување треба да заминат на почетокот на јули

Повеќе

9.6.2016

Спасов се обрати на 105-та Годишна конференција на МОТ во Женева

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, од 8 јуни до 10 јуни ја предводи македонската делегација на годишната Меѓународна  конференција на трудот која се одржува во Женева во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) на која присуствуваат министри, претседатели на синдикати, организации на работодавачи од приближно 200 земји од светот. Ова е најголем настан на МОТ во текот на годината каде се изработуваат и усвојуваат важни стратешки документи во областа на трудот како Конвенции, Препораки кои даваат насоки за национална акција на Владите на државите. 

 

Повеќе

2.6.2016

Договор меѓу Република Македонија и Албанија Република за социјално осигурување

Од 1 јуни  2016 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување.

Со примената на Договорот се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”.  Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и осигурување во случај на повреда на работа и професионална  болест и друго.

Преку примената на договорот се овозможува усогласување на националните законодавства еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, собирање на периодите на осигурување, одредби за давања во натура кои произлегуваат од здравственото осигурување и заштита,  парични давања и др.

Повеќе

1.6.2016

Спасов: Државата ќе субвенционира вработување на 100 лица во социјален ризик

Во изминатите две години преку мерката за субвенционирано вработување на лица од социјално ранливите категории се вработиле вкупно 126 лица во 114 приватни компании.

Повеќе