30.6.2017

Соопштение

Економско- социјалниот совет ја одржа 35-та конститутивна седница на која се разгледуваше Извештајот за проценката на состојбата на социјално-економските совети на Западен Балкан, Предлогот на Законот за изменување на Законот за работни односи, како и Нацрт стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020.

Повеќе

29.6.2017 

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови.  Со оглед на тоа што за петок (30.6.2017 година) и сабота (1.7.2017 година) се прогнозира портокалова фаза, ве информираме за препораките на Министерството за здравство:

Повеќе

29.6.2017

Средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со рударите од Саса


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска синоќа одржа средба со рударите од Македонска Каменица. Средбата која беше иницирана од страна на вработени во Саса помина во конструктивна атмосфера и беа споделени информации за сите проблеми со кои се соочуваат во нивната работна средина. 

Повеќе

28.6.2017

Заврши проектот “Локална интеграција на бегaлци, внатрешно раселение лица и малцински групи”


Заменик министерот за труд и социјална политика Доц.Д-р Елми Азири се обрати на настанот по повод завршувањето на проектот “Локална интеграција на бегaлци, внатрешно раселение лица и малцински групи”, финансиран во рамки на Националната програма за 2011 во компонентата ‘Помош при транзиција и институционална наградба’–ИПА компонента.

Повеќе

23.6.2017

Презентација на “Нацрт-Стратегија за безбедност и здравје при работа 2020”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на тркалезната маса на која се презентираше “Нацрт-Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020”, во организација на Министерство за труд и социјална политика, а во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Советот за безбедност при Влада на Република Македонија.

Повеќе

23.6.2017

Министерката Царовска на конференција за “Глобалниот договор за миграции и Глобалниот договор за бегалци”

Министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска се обрати на конференцијата на тема “Глобалниот договор за миграции и Глобалниот договор за бегалци” во организација на Меѓународната за миграција и УНХЦР.  

Повеќе

22.6.2017

Почна дијалогот за зголемување на минималната плата

Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред консултативната средба со претставниците на синдикатите на која присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Повеќе

22.6.2017

Царовска: МТСП подговтвува Законот за социјално претприемништво 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на промоцијата на првите 10 трансформирани невладини организации во социјални претпријатија и на 10-те Добри брендови во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Притоа таа инфомрираше дека Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Поттикнување  на социјалното претприемништво„ ко- финансиран од ЕУ подготвува Предлог текст на Законот за социјално претприемништво по што ќе биде спроведена јавна дебата со цел широка консултација за во него да бидат вклучени и забелешките и сугестиите на невладиниот сектор, како и искуствата и барањата на социјалните претпријатија кои работат во земјата. 

Повеќе

22.6.2017

Царовска на промоција на истражување за искористеноста на социјалните бенефиции и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница „Парични надоместоци за децата од семејства во социјален ризик“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваше на промоцијата на истражувањето за искористеноста на социјалните бенефиции и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница „Парични надоместоци за децата од семејства во социјален ризик“. 

Повеќе

22.6.2017

МТСП: Извршена исплата на повеќе права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика на 21.6.2017 година изврши исплата за месец мај на повеќе права од социјална и детска заштита. 

Повеќе

21.6.2017

Работен состанок за овозможување на донирањето на вишоците храна во Република Македонија  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работен состанок со министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со претставници на граѓанската коалиција за овозможување на донирањето на вишоците на храна „Ајде Македонија“, „Македонска платформа за борба против сиромаштија“, „Ретвитни оброк и Вистински дела на љубезност“, претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот на Националниот демократски институт Крис Хеншоу. 

Повеќе

21.6.2017

Средба на Царовска со амбасадорот Тимоние

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

Повеќе

20.6.2017

Средба на Царовска со претставници на Граѓанската иницијатива “5 до 12”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа работна средба со Граѓанската иницијатива 5 до 12, со цел одблиску да се запознае со барањата на преставниците на здруженијата за поддршка на лицата со попреченост во насока на интервенции во постоечките законски и подзаконски акти кои што се однесуваат на унапредување на правата на оваа категорија на лица. На средбата беше присутен и претставник на Хелсиншкиот Комитет за човекови права во Македонија.

Повеќе

16.6.2017

Известување во врска со прес конференцијата на Народниот правобранител

Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите иницијативи коишто се доставуваат како од институции, така и од поединци, здруженија на граѓани и сл. и секоја иницијатива што е од интерес за нашите корисници се разгледува.

Повеќе

15.6.2017

Работна средба за идна соработка помеѓу МТСП и УН Агенциите 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со раководниот тим во Министерството оствари работна средба со претставници на УН Агенциите предводени од постојаниот координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон. 

Повеќе

14.6.2017

Царовска на Меѓународна конференција на трудот во Женева 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја предводи трипартитната делегација од Република Македонија составена од претставници од Владата, претставник од Сојузот на синдикатите на Македонија, од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и претставник од Организацијата на работодавачи на Македонија на 106-тата Меѓународна конференција на трудот во Женева која се одржува во периодот од 13 до 16 јуни 2017 година.

Повеќе

12.6.2017

Средба за решавање на десетгодишниот  проблем  со гинеколог во Шуто Оризари

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работна средба со министерот за здравство, д-р. Арбен Таравари, министерот без ресор, г. Самка Ибраимовски, претседателот на Здружението на гинеколози на РМ, д-р Душко Филиповски и претставници на невладини организации. Тема на работниот состанок беше постојната законска регулатива за заштита на бремени жени, посебно на жените Ромки.

Повеќе

10.6.2017

Честитка на Царовска до социјалните работници: “Социјалните работници се базата на социјалната заштита”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод Денот на социјалните работници упати честитка до социјалните работници во Република Македонија. 

Повеќе

10.6.2017

МТСП: Лицата со инвалидност добија пристап до Министерството

Министерството за труд и социјална политика известува дека лицата со инвалидност добија непречен пристап до Министерството кое подолго време го немаа.

Повеќе

9.6.2017

МТСП: Вонреден инспекциски надзор во ЦСР Карпош

Во врска со пишувањата на на порталот ohridsky.com под наслов: “Ексклузивно – од МТСП се исплаќале пари за трето дете и на државјани на Kосово и Aлбанија!!??” , ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика презема активности во рамки на своите надлежности

Повеќе

9.6.2017

Прв “Отворен ден со граѓаните” на министерката Царовска

На првиот “Отворен ден со граѓаните” министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со 25 граѓани.

Повеќе

9.6.2017

Царовска одржа работен состанок со 10 невладини здруженија 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа работен состанок со претставници на 10 здруженија на граѓани кои што работат на полето на унапредување на правата на лицата со попреченост со цел да се запознае со програмските активности на секое од здруженијата.

Повеќе

8.6.2017

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика на 30.5.2017 година изврши исплата на повеќе права од социјална и детска заштита. 

Имено, извршена е исплата на следните права: правото на мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, постојана парична помош,парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.

Повеќе

8.6.2017

МТСП: грижата за нашите корисници на прво место 

По објавувањето на неколку стории на одредени медиуми Министерството за труд и социјлакна политика во духот на грижа за секој поединец и корисник се погрижи и за лицата кои со своите проблеми се обратија до медиумите.

Повеќе

8.6.2017

Министерката Царовска на конференција за проектот „Промоција на сервиси за социјална инклузија“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на завршната конференција на проектот „Промоција на сервиси за социјална инклузија“, кој е финансиран преку програмата за развој на човечки ресурси при ЕУ.

Повеќе

7.6.2017

Царовска на форум на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на јавната расправа на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“ во организација на Делегацијата на ЕУ во Македонија во соработка со ЕУ проектот Техничка поддршка за граѓанските организации-TACSO.

Повеќе

6.6.2017

Средба на претставници на МТСП со претставници на КСОМ 

Претставници на Министерството за труд и социјална политика остварија средба со претставници на Конфедерација на синдикати на Македонија (КСОМ).

Повеќе

5.6.2017

Отворен ден со граѓаните

Почитувани,

Секој петок од 9 часот до 13 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на “Отворениот ден со граѓаните” ќе остварува средби со граѓаните на Република Макеоднија, во просториите на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

4.6.2017

МТСП: Се врши реконструкција на депандансот на “Специјалниот Завод- Демир Капија” кој се наоѓа во атарот на село Ергеле

Министерството за труд и социјална политика ги отфрла сите шпекулации кои внесоа одредена вознемиреност кај населението на територијата на општина Демир Капија како дезинформации бидејќи ниту се гради ниту пак ќе се гради бегалски камп или нешто слично во овој регион. 

Повеќе

3.6.2017

Демант на прилогот под наслов “Новите министри денес одмораат – Еден ден на работа, три дена одмор”, емитуван на ТВ 21, на 2 јуни 2017 година од новинарот Арбана Ќерими

Почитувани,

Министерствтото за труд и социјална политика ги демантира наводите изнесени во прилогот под наслов “Новите министри денес одмораат – Еден ден на работа, три дена одмор”, емитуван на ТВ 21, на 2 јуни 2017 година од новинарот Арбана Ќерими и бара истиот да биде објавен согласно со Закон.

Повеќе

1.6.2017

Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика 


Денеска Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими при што остварија и кратка средба на која што извршија примопредавање на функцијата. На средбата Царовска и Ибрахими разговараа и за актуелните состојби во Министерството.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

1.6.2017

1 јуни- Ден на детето: “Во владината програма заштитата на децата е приоритна бидејќи секое дете е важнo”

На денешен ден во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток во подобрување на можностите за најмладите

Повеќе