Сесии за аплицирање за лиценцирање

Феврарска сесија за обновување на лиценца

Комисијата за лиценцирање на стручните работници вработени во установи за социјална заштита, ги информира стручните работници, на кои во Мај им истекува важноста на лиценцата дека во февруарска сесија за обновување на лиценца која трае од 01.02.2017 – 7.02.2017 година, треба да поднесат барање за обновување на лиценца, доколку во периодот на важноста на лиценцата посетиле најмалку 20 часа континуирана едукација во текот на една календарска година.

Стручните работници кои од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично), не ги исполнуваат условите за обновување на лиценца, треба да поднесат барање за продолжувањена лиценца за наредните 6 месеци по враќање на работа, во кој период треба успешно да ја завршат задолжителната едукција. Сесијата за продолжување на лиценца е отворена во текот на целата година.

Сите заинтересирани кандидати барањето за аплицирање, заедно со другите потребни документи во овој рок треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично. 

Потребни документи за аплицирање: 

  • барањето за аплицирање на образец;
  • потврда за помината едукација, во траење од најмалку 20 часа континуирана едукација во текот на една календарска година, спроведена согласно со Програмата за континуирана едукација на стручните работници во установите за социјална заштита на ЈУ Завод за социјални дејности;
  • доказ дека стручниот работник е вработен во установа за социјална заштита (фотокопија од решение за распоредување на работно место)
  • доказ за платен надоместок за трошоците за обновување/продолжување на лиценца за работа и
  • за стручните работници кои бараат продолжување на лиценца и доказ за спреченоста за вршење на работа. 

Лице за контакт: Даниела Станојковска, Катица Кичукова Голубовска 02/3230-401, 075/242-953, Душанка Петрова 075/242-954, 02/3230-401, e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk.

Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лицата вработени во установи за социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои сакаат да извадат  лиценца за работа во градинки.  

Известување за полагање на стручен испит

 

Проверка на примената на стручното знаење

Комисијата за лиценцирање ги информира стручните лица, од установите за социјална заштита, кои треба да полагаат испит за проверка на примената на стручното знаење, дека испитот е закажан на следниве термини: 

• 17.11.2016 година (ЧЕТВРТОК)-Испит за проверка на имплементација на стручното знаење од областа на социјалната заштита – практичен дел, од 14:30 – 16:30, Просторија бр. 1

Полагањето ќе се одржи во просториите на Испитниот центар, кој се наоѓа на следната локација:ул."Христо Смирненски", бр. 30, ламела 1 (во близина на Универзална сала), Види мапа

Кандидати кои имаат одобрено барање од Комисијата за лиценцирање и ќе полагаат на утврдените термини за полагање на стручниот испит се:

1. Хазиз Чупи

2. Маре Веселинова

Се информираат кандидатите кои ќе го полагаат стручниот испит дека:
  • За да може да започнат со полагање на стручниот испит задолжително со себе треба да имате лична карта, за увид и утврдување на идентитетот. 
  • Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот односно од вториот дел од испитот, изнесува 120 минути.

Се смета дека испитот го положил оној кандидат, кој со точни одговори на прашањата постигнал најмалку 70% од вкупниот број на предвидени позитивни поени. Начинот на бодирањето е уреден со Правилник за начинот на бодирање на првиот (теоретски дел) и на вториот (практичен пример) на стручниот испит за издавање и обновување на лиценца за работа на стручен работник во установа за социјална заштита („Сл весник на РМˮ 167/14). 

  • Постапката за лиценцирање на стручните работници се спроведува согласно Законот за социјалната заштита и Правилник за начинот и постапката за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните лица во установите за социјална заштита, висината на трошокот за издавање на лиценца, формата, содржината и образецот на лиценцата за работа („Сл. весник на РМˮ број 4/12, 6/15), Деловникот за  работа на Комисијата за лиценцирање и Програма за проверка на примената на стручното знаење во постапката за издавање и обновување на лиценца за работа на стручен работник во установите за социјална заштита.
  • На кандидадот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. 
  • На кандидатот за време на полагање на вториот дел од испитот, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот. 
  • На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот, доколку има технички проблем со компјутерот.
  • Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за 5 минути, испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во рок, иситот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од прекинувањето на испитот.
  • Ако има проблеми на повеќе од пет компјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од 5 минути, испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинување на испитот. 
  • Доколку кандидатот при полагање на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од горенаведените ставови, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин и ќе се смета дека не го положил испитот, а истото ќе се констатира во записник за полагање на испит. 
  • Овластените преставници од Комисијата за лиценцирање и еден информатичар, за време на полагање на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од 5 минути. 
  • Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува.
  • Доколку причините се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот продолжува веднаш по нивното отстранување.
  • Доколку причините не се отстранат во рок од 60 минути, испитот се презакажува за друг термин. 

 Преглед на прашањата и практичните примери за полагање на стручниот испит

Стручна литература и прашања за полагање на испит


Преглед на прашања и практични примери за полагање на стручниот испит

Преглед на прашања и практични примери за полагање на стручниот испит

e-prasanja.mk

Закони од областа на социјалната заштита и семејно-правната заштита


СТРИМИНГ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

КАМЕРА 1

КАМЕРА 2