Промоција на проектот ,,Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството во сфера на слободно движење на работниците,, 

На 12 Мај 2014, заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибраими присуствуваше на промоцијата на проектот ,,Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството во сфера на слободно движење на работниците,, кој ќе се имплементира во периодот февруари-август 2015 година во Министерство за труд и социјална политика, а во соработка со Агенција за вработување. 

Целта на проектот е да се подготват националните институции за успешно исполнување на обврските за членство во сферата на слободното движење на работниците преку зајакнување на националните институции и административните капацитети за координација на системите за социјална заштита. 

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и се имплементира од Конзорциумот предводен од Шведската агенција за осигурување и Националната канцеларија за вработување на Унгарија.

На промоцијата, покр

ај заменик министерот, се обратија и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, шведскиот и унгарскиот амбасадор, проектните лидери од Шведска, Унгарија и Македонија, како и постојаните твининг советници во Македонија. 

Во активностите на проектот, на предвидените тренинзи и обуки учество ќе земат вработените од Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Министерство за здравство, Министерство за надворешни работи и Секретаријат за Европски прашања, а со цел да се зајакнат капацитетите на нашите институции со цел успешно имплементирање на ЕУ законодавството во сфера на слободно движење на работниците.