30.5.2014

Во посета на Вера Лича,с.Маловиште

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во придружба на градоначалникот Владимир Талески и директорот на Центарот за социјални работи, Виолета Гаџоска, денес во битолското село Маловишта ја посетија 73 годишната старица Вера Лича.

Повеќе

29.5.2014

1637 млади се вработија за 76 дена преку мерката на Владата

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и ректорот на универзитетот Гоце Делчев Штип Саша Митрев денеска свечено го отворија Инфо клубот во просториите на Кампус 2.

Повеќе
27.5.2014

Министерот Спасов ја посети новоотворената градинка во Росоман

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја посети градинката „Праскичка“ во Росоман, која беше отворена пред околу еден месец. Градинката има модерни и современи услови за сместување, згрижување и воспитување на 80 дечиња од предучилишна возраст.

Повеќе
22.5.2014

Конференција за можностите за вработување лица со инвалидност

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Муедин Кахвеџи учествуваше на меѓународната конференција „Законски рамки и практики за вработување на лицата со инвалидност“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

      Повеќе
16.5.2014

Oдбележан меѓународниот ден „Револуција во исхраната“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска присуствуваше на одбележување на меѓународниот ден „Револуција во исхраната“ во ЈДГОА „Срничка“ во Аеродром организиран од фондацијата на познатиот светски готвач Џејми Оливер.

Повеќе
16.5.2014

Промоција на проектот ,,Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството во сфера на слободно движење на работниците,, 

На 12 Мај 2014, заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибраими присуствуваше на промоцијата на проектот ,,Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството во сфера на слободно движење на работниците,, кој ќе се имплементира во периодот февруари-август 2015 година во Министерство за труд и социјална политика, а во соработка со Агенција за вработување. 

Повеќе
15.5.2014

Проширување на проектот “Домашна визита”, дополнителна грижа за граѓаните во социјален ризик  

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за здравство,Никола Тодоров на денешната прес-конференција информираа за проширување на проектот “Домашна визита” како една од мерките со кои се помага на социјално ранливите категории на граѓани.

Повеќе

14.5.2014

Нови можности за самовработување-грант од 3000 евра 


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за вториот циклус од Програмата за самовработување, која веќе прерасна во бренд програма во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, која се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Програмата за развој на Обединетите Нации–УНДП.

Повеќе

13.5.2014

Во Тетово отворен вториот инфо клуб за млади 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов присуствуваше на промоцијата на вториот Инфо клуб за млади отворен на Државниот Универзитет во Тетово.

Повеќе
12.5.2014

Спасов: Грижата за глувите лица продолжува, обучени 120 фармацевти за знаковен јазик, следуваат обуки за 40 толкувачи 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, присуствуваше на доделување на сертификати на обучени фармацевти на знаковен јазик. Во своето обраќање по овој повод Спасов рече дека министерството за труд и социјална политика во своите приоритетите на подолг рок има зацртано обезбедување на можности за социјална сигурност и целосна инклузија на овие лица, нивно активно вклучување на пазарот на трудот, како и целосна интеграција преку олеснување во секојдневниот живот. 

Повеќе

8.5.2014

Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето 


На 8 и 9 мај 2014 година се одржува состанок на македонско-турската работната комисија формирана со Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција. 

Повеќе

8.5.2014 

Спасов во работна посета на Австрија 

На 8 и 9 мај 2014 година, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е во работна посета на Австрија, Виена при што најнапред оствари средба со сојузниот министер за труд, социјала и заштита на потрошувачи Рудолф Хундсторфер со кој што разговараа и разменија мислења на повеќе теми.       

Повеќе

7.5.2014

Отворен првиот инфо клуб за млади 

Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНДП го отвори првиот Инфо клуб во рамки на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Повеќе
7.5.2014

“Истражување на проценката на потребите:Регионалната ситуација со борбата против трговијата со луѓе во Западен Балкан”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на Регионалната работилница “Истражување на проценката на потребите: Регионалната ситуација со борбата против трговијата со луѓе во Западен Балкан”. 

Повеќе
5.5.2014

Објавени две мерки за субвенционирано вработување на невработени лица

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија информираа дека Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија продолжуваат со реализација на активните мерки за вработување преку коишто се зголемуваат можностите за врaботувања на лицата коишто потешко се вработуваат, но и значително го стимулираат приватниот сектор да отвораат нови работни места и да вработуваат невработени граѓани кои потешко доаѓаат до работа.

Повеќе