26.5.2015

Македонија и Чешка со соработка во делот на трудот, вработувањето и социјалната политика

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за труд и социјални работи на Чешката Република Микаела Марксова во Прага потпишаа Меморандум за соработка од областа на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Повеќе
23.5.2015

Седумнаесет старски домови отворени со поддршка на владините мерки

Со Владиниот проект за изградба на старски домови денеска во Сопиште почна со работа 17-от Дом за стари лица во Република Македонија. Старскиот дом „Св. Петка“ е со капацитет од 21 легло, а  во моментот се сместени 14 лица.

 

Повеќе

22.5.2015

Со подобри ИТ вештини до вработување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска и менаџерката на Семос Едукација, Валентина Тасева ги доделија сертификатите за напредни ИТ вештини на 88 невработени лица.

Повеќе

20.5.2015

Прва детска градинка во рамки на компанија

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја посети првата приватна детска градинка „Окитекс Бамбини“ која функционира како организациона единица во рамките на приватна компанија.

Повеќе

16.5.2015

Се реновира Центарот за социјални работи во Охрид

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во рамки на работната посета на Охрид заедно со градоначалникот Никола Бакрачески го посети Центарот за социјална работа, каде во тек се градежни активности за негова целосна реконструкција.

Повеќе

16.5.2015

Успешна соработка на Министерството за труд и социјална политика со Црвениот крст на Република Македонија

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во рамки на посетата на Општина Охрид се обрати на Конференцијата на Црвениот крст на Република Македонија насловена како “Развојни предизвици на националното друштво 2015-2020”. Целта на Конференцијата беше да се направи краток осврт на остварувањата и заложбите на Црвениот крст во првите пет години од имплементацијата на “Стратегијата 2020” и да се дебатира за развојните политики.

Повеќе

15.5.2015

Се реновира Специјалниот завод во Демир Капија

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Специјалниот завод во Демир Капија, Петре Николов денеска го означија почетокот на втората фаза од реконструкцијата на зградите во Заводот.

Повеќе

14.5.2015

Спасов: 450 евра казна за неисплаќање минимална плата

Работодавачите што нема да го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице. Ова го предвидуваат измените на Законот за минимална плата што денеска го донесе Собранието.

Повеќе

14.5.2015

Промовирани брошури со права на работниците при работа во ЕУ

Брошури со правила за идното осигурување на македонските државјани доколку остварат право на работа во некоја од европските држави се промовирани денеска во Скопје како дел од твининг проектот за зајакнување на капацитетите за ефективна примена на законодавството на Европската унија.

Повеќе

8.5.2015

Ќе се унапредува грижата за лицата со посебни потреби

Меморандум за соработка меѓу министерствата за култура и за труд и социјална политика, преку чија имлементација ќе се реализира проектот насловен „Инклузивни и креативни“ со кој ќе се унапреди заедничката грижа за лицата со посебни потреби, потпишаа денеска ресорните министри Елизабета Канческа-Милевска и Диме Спасов.

Повеќе

6.5.2015

Кисела Вода доби игралиште за деца со посебни потреби

Игралиште за деца со посебни потреби денеска беше отворено во населбата 11 Октомври во општина Кисела вода по повод „6 Мај“ денот на Општината.

Повеќе

5.5.2015

Бањско климатска рекреација успешно се спроведува во 2015 година

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов денес ги посетија пензионерите кои ја користат услугата бањско-климатска рекреација во здравствена установа природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија.

Повеќе