21.5.2017

Ибрахими во посета на пензионерите во Негорски и Дебарски бањи

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети пензионерите коишто ја користат услугата за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија во  Здравствената установа-природно лекувалиште “Негорски бањи” АД Негорци, Гевгелија и во „Дебарски Бањи-Цапа“,. 

Повеќе

18.5.2017

Отворен третиот Саемот за вработување 


Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на третиот по ред Саемот за вработување кој се одржува во организација на Агенција за вработување на Република Македонија и кој има за цел поврзување на понудата и побарувачката на работната сила. 

Повеќе

15.5.2017

Потпишан Меморандумот за соработка во областите на трудот и социјалната сигурност помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и заменик министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на Народна Република Кина Фу Џингуо потпишаа Меморандум за соработка во областите на трудот и социјалната сигурност помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на Народна Република Кина. 

Повеќе

12.5.2017

Ибрахими и Коневски најавија изградба на нова детска градинка во Ново Лисиче

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски најавија изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче со капацитет за згрижување на повеќе од 250 деца.

Повеќе

11.5.2017

Tркалезна маса „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими учествуваше на тркалезната маса „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ во организација на Црвениот крст на РМ и Занаетчиската комора на град Скопје.

Повеќе

1.5.2017

Ибрахими најави зголемување на минималната плата за околу 20 отсто

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на Денот на трудот оствари работна средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија на која разговараа за можноста за покачување на минималната плата за околу 20 отсто.

Повеќе