27.3.2014

Инвестициите во изградба на нови градинки интензивно продолжуваат


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска го посетија објектот наменет за нова детска градинка кој се наоѓа во рамки на ОУ “Димитар Поп Ѓеоргиев  Беровски”.

Повеќе
24.3.2014

Над 22.000 пензионери на бањско климатска рекреација и наредните четири години  


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ги посети пензионерите кои престојуваат во Дебарски бањи Цапа (Бањиште), во рамки на проектот “Бањско-климатска рекреација”. Пред медиумите, Спасов изјави дека и оваа година Бањско-климатската рекреација го постигнува ефектот а тоа го потврдува реакцијата на пензионерите со кои денес оствари средба.

Повеќе

20.3.2014

Средба со претставници на Центарот за Даунов синдром 

 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со претставници на здружението на Центарот за Даунов синдром, по повод утрешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром.

На средбата присутните го искажаа своето задоволство од досегашните напори на Владата преку министерството за лицата со пречки во развојот, пред се огласот за вработување на 300 лица со инвалидност.

Повеќе
19.3.2014

5.500 пензионери бесплатно на бања оваа година  

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес ги посети пензионерите кои престојуваат во Катлановска бања во рамки на проектот “Бањско-климатска рекреација”.

  Повеќе
18.3.2014

Голем интерес кај приватните компании за мерката за вработување на млади 


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес се обрати пред членките на Стопанската Комора на Македонија на презентацијата за новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година.

Повеќе
18.3.2014

Усвоена Декларацијата за еднаквост и недискриминација “Да ги направиме еднаквите можности и недискриминацијата реалност” 

 

На денешната завршна конференција за проектот “Јакнење на капацитетите на државната и јавната администрација за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација по основ на етничка припадност, возраст, лица со ментална и телесна попреченост и пол”, во организација на Министерството за труд и социјална политика беше усвоена Декларацијата за соработка помеѓу институциите и нивно заедничко делување во полето на еднаквите можности, недискриминацијата и заштита на човековите права “Да ги направиме еднаквите можности и недискриминацијата реалност”. 

Повеќе

17.3.2014

Се овозможува бесплатен превоз за потполно глувите лица и лица со интелектуална попреченост           


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески одржаа заедничка прес конференција на која информираа за новите измени во Законот за патен сообраќај.

 

Повеќе
14.3.2014

Над 220.000 посети на џоб маркет 

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на советувањето на тема „Како до поголема вработливост на студентите и дипломците?“, поддржано од проектот „Градење капацитети за поголема вработливост“ при што посочи дека за младиот човек доаѓањето до посакуваното работно место е предизвик, дека до него се стигнува со континуирана надградба, но и дека формалното образование не е доволно за да се биде конкурентен на пазарот на трудот, туку потребно е континуирано надградување на личните способности и вештини.

Повеќе
13.3.2014

Воведен е додатокот за глуви, започна реализацијата

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари работна средба со претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви Васко Марков и членови на Сојузот.

Повеќе
12.3.2014

Петти Работен состанок за инклузија на Роми и Роми бегалци 


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов учествуваше на петтиот Работен состанок за инклузија на Роми и Роми бегалци на којшто се информираше за степенот на реализација на утврдените приоритети и се утврдија насоките за натамошната социо-економска инклузија на Ромите во Република Македонија.

Повеќе
10.3.2014

Ќе се гради нова градинка во општина Јегуновце

 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со градоначалникот на Oпштина Јегуновце, Тони Коцески, раководителот на Центарот за вработување на Тетово, и претставници на Центарот за социјални работи Тетово. На средбата Спасов се информираше за функционирањето на дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување и Центарот за социјални работи, кои претходно беа отворени во Јегуновце со кои се подобри достапноста но и квалитетот на услугите за граѓаните да можат поедноставно и полесно и со помалку трошоци да ги остваруваат своите права.

Повеќе
4.3.2014

Целосно реконструиран Домот за стари лица ЈОУ “Сју Рајдер” во Битола


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски го отворија комплетно реконструираниот Дом за стари лица ЈОУ “Сју Рајдер” во Битола.

Повеќе
3.3.2014

Нова мерка за вработување на млади лица до 29 години    

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на прес конференција за медиумите информираше за законските промени со кои се врши поттикнување на вработувањата на младите лица до 29 годишна возраст во приватниот сектор.

Повеќе