Донирани машини за пишување на Брајово писмо               

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов додели 30  машини за пишување на Брајово писмо за децата од Дневниот центар за деца со оштетен вид и Државно училиштето за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
     

„Денес имавме можност на децата со оштетен вид да им донираме Брајови машни за пишување. Овие машини ќе бидат ставени во функција за нивните потреби односно сите оние дечиња кои што престојуваат во Дневниот центар за деца со оштетен вид и кои што учат  во Училиштето за деца со оштетен вид а немаат Брајови машини за пишување во сопствените домови, ќе им бидат донирани истите со цел да можат да ја совладаат техниката на пишување на Брајово писмо и во домашни услови, а секако останатиот дел од машините кои што денес ги донираме ќе бидат ставени во функција и на располагање на овој Дневен центар за деца со оштетен вид и Училиштето за деца со оштетен вид”, рече Спасов.

Спасов нагласи дека министерството издвоило за реализација на оваа донација износ од 1.200.000 денари, и дека понатаму ќе продолжи со реализација на проекти со кои ќе им се помога во подобрување на животот на децата со оштетен вид.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }