Мерките за вработување стимулација на бизнис заедницата за нови работни места

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на Форумот со работодавачи  „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“ во организација на Сојузот на стопански комори. Во своето излагање пред присутните тој истакна дека Владата на Република Македонија, во фокусот на своите економски политики го има зголемувањето на вработеноста, со дефинирани чекори кон повеќе целни групи. Тоа се остварува преку широк спектар на програми и мерки, преку олеснување на пристапот до пазарот на трудот, воведување на разни поволности за работодавачите. 

“Овој процес носи трикратен успех и за државата, за невработените лица но и за оние кои имаат потреба да вработуваат и да ги ползуваат бенефитите кои ги нудиме како и вештините на идните вработени во својот работен процес и продуктивност. Но, за нас од особено значење е подршката на приватниот сектор, искористувањето на можностите кои се ставени на располагање како и директната финансиска стимулација. Во рамките на нашата сотаботка важни се и мислењата на бизнис заедницата, уште од фазата на конципирање на политиките на вработувања во бизнис секторот. Само така, со поврзување на понудата и побарувачката на работната сила ќе ги постигнеме посакуваните резултати”, рече Спасов и продолжи дека со Оперативните планови на активни мерки и политики за вработување, со кои од 2007 година, за прв пат е обезбедено сеопфатна рамка за претставување на услугите на пазарот на труд, програмите за вработување и поттикнување на вработливоста и обуките за стекнување дополнителни вештини и знаења барани на пазарот на труд. “Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година,  го дизајнираше тим составен од претставници од државните институции мегутоа  и од домашната бизнис заедница на работодавачи како и мегународните партнери. Воедно во креирањето на содржината и опфатот на Програмите и мерките за вработување во Оперативниот План за 2015 година, земени се во предвид резултатите од редовниот мониторинг и евалуација на програмите за самовработување, субвенционирано вработување и обуките.

Како што веќе напоменав, со сугестии од бизнис заедницата, новиот  Оперативeн план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување  се базира на неколку принципи и тоа:

  • збогатен пристап од повеќе аспекти преку услуги за невработените, соодветни обуки за зголемување на нивните вештини и активни мерки за самовработување и субвенционирано вработување,
  • ставен е акцент на вработувањето на  младите невработени лица до 29 години при што е дефиниран е посебен план  со зголемен  опфат во секоја мерка,
  • предвидено е постигнување на еднаква застапеност на мажите и жените, како и олеснување на процедурите и спроведувањето на програмите, поедноставување на административните процедури и олеснување на севкупното спроведување на програмите,
  • Во делот со работодавачите се предвидува примена на исти критериуми за избор на работодавачи кои што ќе покажат интерес за вклучување во спроведувањето на програмите за вработување. Критериумите се однесуваат на: почитување на постојните прописи за вршење на дејност, оданочување и работни односи (пријавување, плаќање придонеси за социјално осигурување; и плаќање на даноци) задржување на бројот на вработени во периодот пред и за време на учеството во програмата. 
Приоритетот за учество во некоја од мерките ќе се доделува исклучиво врз основа на условите и критериуми утврдени во секоја одделна услуга/програма”, посочи Спасов.

Една од поголемите цели, која како што нагласи Спасов се сака да се постигне е поголем  опфат а со тоа и поголем број на вработувања, потреба која се наметна согласно досегашните искуства. Со новиот Оперативен план со активните мерки за вработување  предвидено е да се опфатаат - 16,226 невработени лица а шланирано е да се вработат над 8200 лица и тоа преку мерките: Програма за самовработување, Поддршка на растот на микро и мали претпријатија за создавање на нови   работни места, Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, Обука кај познат работодавач, Обука на работното место со субвенционирано вработување, Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот,  Обука за задоволување на побарувани занимања  на пазарот на труд кај приватни спроведувачи на обука, Обука за напредни ИТ-вештини, Практикантство, Обука за основни вештини за вработување (странски јазици и компјутери),  Програма за општинско-корисна работа како и мерката која даде исклучителни резултати изминатава година, мерката за млади  со која им помогнавме и на младите и на компаниите, Субвенционирано вработување за невработени млади  лица до 29 години преку ослободување од придонеси за 12 месеци - со која до сега се вработија приближно 7600 лица.


“За оваа година за реализација на овие мерки, издвоени се околу 660 милиони денари, поголем дел од овие финансиски средства ќе отиде директно во приватниот сектор во форма на субвенција и финансиска подршка за отворање на работни места, токму овој факт ја докажува нашата заложба за директна и сестрана подршка и мотивирање на приватните компнии, да продолжат да растат и да ја развиваат македонската економија. 
Бизнис заедницата веќе ги поздрави и новите мерки за вработување, за кои веќе интензивно работиме на законските измени за воведување на нови поголеми поволности за компаниите и невработените лиза за ослободување од плаќање придонеси при што  многу брзо очекуваме да ја поминат владинатта и собраниската процедура и да влезат во примена. Овие мерки ќе значат исто така голема помош и за приватните компании, директно намалување на трошоците за работна сила  и голема стимулација за отворање на нови работни места,  а со мерките ќе се опфати и голема, огромна бројка на невработени лица, и тоа:

  • Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години. Тие ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година. 
  • За работодавачите,пак кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа ќе бидат ослободени од  придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот. 
  • Оние кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените. Оваа мерка ќе се однесува и за оние кои ќе вработат лица над 58 години. Тие фирми ќе бидат ослободени од  придонеси, односно до пензионирањето на тој работник.
  • Оние работодавачи, пак, кои ќе вработат лица од ранливите категории како што се самохраните родители, лицата од еднородителските семејства, оние со три или повеќе деца, ќе бидат ослободени од плаќање напридонеси во период од 5 години.Од сиве овие мерки очекуваме на 20 000 вработувања.

На крајот тој заклучи дека бизнис заедницата е клучен фактор во успехот на сите политики на вработување и дека на државата и треба задоволна бизнис заедница, која има непроценлива улога на полето на вработувањето. 

“Убеден сум дека денес на овој Форум, ќе дојдат до израз вашите ставови, искуства и предлози кои дополнително ќе ни помогнат, да во иднина се приближиме уште повеќе до вашите потреби. Ве повикувам да аплицирате во некоја од активните мерки и програми, согласно вашите потреби, и со тоа да покажеме дека имаме подобри политики за повеќе вработувања”, заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }