29.3.2016

Ташевска-Ременски во работна посета на општина Тетово

Mинистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски во работна посета на Тетово оствари средба со градоначалничката на Општина Тетотво, Теута Арифи, го посети Центарот за социјална работа каде што се сретна со директорот Насер Садики и со вработените, и на крај го посети Дневниот Центар за деца со посебни потреби. На средбата со градоначалничката на Општина Тетотво Теута Арифи беа покренати повеќе прашања и теми чие решавање е од заеднички интерес за подобрување на состојбите за сите граѓани од Тетово и околината.

Повеќе

24.3.2016

Македонија доби хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со Анжелина Тотева началник на политичкиот кабинет на премиерот  на Република Бугарија, Бојко Борисов во присуство на Н.Е Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, и на Рајчо Жељазков советник за економски прашања во амбасадата на Република Бугарија во Македонија при што ја прими донацијата во хуманитарна помош од Бугарија наменета за мигрантите кај Табановце.

Повеќе

17.3.2016

Работна посета на министерката Ташевска-Ременски на Куманово

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски при работна посета на Куманово посети неколку институции под надлежност на Министерството, како што се ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и одделението во Липково што е во склоп на ЦСР Куманово, оствари средба со градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, присуствуваше и на пуштање во употреба на Центар за ран детски развој, а го посети и Транзитниот прифатен центар за мигранти во Табановце

Повеќе

16.3.2016

Демант во врска со написите во одредени медиуми со наслов “Ременски кочи отварање на дневни центри за деца и лица со инвалидност”

Во врска со написите во одредени медиуми со слични наслови “Ременски кочи отворање на дневни центри за деца и лица со инвалидност”, како неточни и тенденциозни ги сметаме информациите објавени во медиумите по однос на тоа дека министерката Ташавска-Ременски го кочи отворањето на дневен центар за деца со попреченост. Напротив, за да биде јавноста точно информирана станува збор за постапка за реновирање и опремување на простории за објект на дневен центар за деца со пречки во развојот во Неготино.

Повеќе

10.3.2016

Ташевска-Ременски: Исправени сме пред предизвикот за преземање и на нови мерки и активности за поголема видливост на родовата еднаквост 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на конференцијата организирана во рамки на проектот “ЕУ застапување” која беше на тема “ЕУ застапување во Македонија: Процесот на приспособување кон ЕУ од родова перспектива”. 

Повеќе

9.3.2016

Ташевска-Ременски во работна посета на институциите под капа на министерството во Струмица 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска- Ременски оствари работна посета на Струмица при што ги посети Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост,       Центарот за социјална работа Струмица, пензионерите што ја користат услугата Бањско-климатска рекреација во хотел Цар Самоил во село Банско,  Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско„-Струмица и ЈОУДГ “Детска радост”. 

Повеќе

8.3.2016

Конференција: “10 години Закон за еднакви можности на мажите и жените: финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски денес се обрати на Конференцијата во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women - тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, насловена како „10 години Закон за еднакви можнсти на мажите и жените: финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“. Повод за организирање на Конференцијата беше одбележување на „Меѓународниот ден за правата на жената 8-ми Март“ и одбележување на 10 години од усвојувањето на првиот Закон за еднакви можности на мажите и жените.  

Повеќе

7.3.2016

Демант во врска со написите во одредени медиуми по повод протестот на Ромите пред Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика искрено жали за грубата манипулација со луѓето кои денеска протестираа пред Министерството и злоупотребата на Ромите во Република Македонија.

Очигледна е манипулацијата на Јавното комунално претпријатие од Гевгелија и градоначалникот на Oпштина Гевгелија  кое ги ангажирале овие луѓе, без никаков Договор за ангажирање со кои се уредуваат нивните права и обврски додека биле ангажирани во Прифатниот транизтен cентар “Винојуг”. Локалните власти од Гевгелија не одговараат на повиците за средба во Министерството за труд и социјална политика, а Јавното комунално претпријатие одбива да го потпише Договорот за деловна соработка со Министерството за труд и социјална политика со кој ќе обезбеди финансиски надомест за претпријатието согласно соДдоговорот со донаторот.

Повеќе

3.3.2016

Министерката Ташевска-Ременски во работна посета на Прилеп

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски работната посета на Прилеп ја започна со полагање на цвеќе на споменикот на паднатите бранители по што оствари и куса средба со Здружението на бранители од Општина Прилеп и ограноците. На средбата беше договорено со претставници на Здружението да оствари средба во Министерството за труд и социјална политика на која што ќе ги изнесат нивните проблеми со коишто се соочуваат и решавање на истите.  

Повеќе

1.3.2016

Управниот суд ги отфрли тужбите и времените мерки од дополнителниот заменик министер Диме Спасов како беспредметни 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите информираше дека Управниот суд ги отфрли тужбите и времените мерки од дополнителниот заменик министер Диме Спасов како беспредметни.

Повеќе