31.3.2017

Завршна конференција на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“


Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на завршната конференција од проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” кој во изминатите две и пол години во Македонија, се реазлизираше благодарение на поддршката на Европската Унија и ангажманот на Меѓународната организација на трудот.

Повеќе

29.3.2017

Ибрахими на Форум на тема “Работата во иднина”


Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на форумот “Работата во иднина”, на кој се дискутираше за тоа како да се озбезбеди отворање на нови работни места, на пристојна работа во контекст на развојот на технологиите, но и во контекст на климатските и демографските промени, а беше во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ).  

Повеќе

28.3.2017

Државниот секретар Хусејин на TAIEX Работилница за деинституционализација: Поттикнување на процесот на транзиција од институционална кон грижа во заедницата

“Македонија продолжува со процесот на деинституционализација”

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на “TAIEX Работилница за деинституционализација: Поттикнување на процесот на транзиција од институционална кон грижа во заедницата”, организирана во соработка помеѓу Генералниот Директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комисија и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

24.3.2017

Работна средба: Ибрахими-Ли Роси

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими оствари работна средба со претставници на УНХЦР и тоа со: г-ѓа Ангела Ли Роси, Заменик директор на Регионалото Бирото за Европа при Главната канцеларија на УНХЦР, г-ѓа Анне-Кристине Ериксон, Регионален Претставник на УНХЦР со седиште во Сарајево, г-ѓа Јун Ширато, Постар правен службеник при Главната Канцеларија на УНХЦР и г-дин Мохамед Ариф претставник на канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

Повеќе

22.3.2017

Ибрахими: “Потребен е континуираниот развој и унапредување на трипартитниот социјален дијалог”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Свечената академија на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод нивното полноправно членство во Европската конфедерација на синдикати и во Меѓународната конфедерација на синдикати.

Честитајќи им за приемот министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, се осврна на градењето на социјалниот дијалог во изминатиот период кој  бележи значителен прогрес. 

Повеќе

21.3.2017

Ибрахими на Конференција за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Конференцијата за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик” каде што беа презентирани и разменети искуства за акции насочени кон вработување и социјална инклузија на млади во ризик при што рече дека Владата на Република Македонија во своите заложби за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, особено внимание посветува на најранливите категории на невработени лица, пред се младите лица и оние што се во социјален ризик.

Повеќе

20.3.2017

Седница на Економско-социјалниот совет

Продолжување на ефективниот социјален дијалог за динамизирање на економскиот раст и креирање одржливи работни места

Разгледување на постигнатите резултати од досегашното функционирање на трипартитниот социјален дијалог на национално и на локално ниво, како и утврдување на можностите и приоритетните области за делување во следниот период, беа главните теми на седницата на Економско-социјалниот совет со која претседавше министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, а во која активно се вклучија и претставницитете на репрезентативните социјални партнери - Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Повеќе

10.3.2017

Ибрахими во посета на битолската фирма корисник на повеќе мерки за вработување "ISOURCE"

Минстерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и директорот на Агецијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски ја посетија фирмата “ISOURCE” ДОО од Битола која што се занимава со трговија на мало со компјутери, софтвери и сл., и е корисник на повеќе мерки за вработување и притоа го промовираа отпочнувањето на реализацијата на мерката “Обука за општи вештини, односно обука за основни компјутерски вештини и за странски јазици”.

Повеќе

10.3.2017

МТСП: Исплата на права од социјална заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека е отпочната исплатата на социјална парична помош, туѓа нега, субвенциите за електрична енергија и  Условениот паричен надоместок.

Повеќе

8.3.2017

Отворени нови занимални во ЈОУДГ “Весели цветови” во Делчево за згрижување на нови 100 деца

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански ги отворија четирите нови занимални во ЈОУДГ “Весели цветови” во Делчево каде се згрижија стотина дечиња кои беа на листата на чекање. Со ова бројот на дечињата згрижени во оваа градинка се зголеми на 340.

Повеќе
4.3.2017

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика на 3.3.2017 изврши исплата на повеќе права од социјална и детска заштита. 

Имено, извршена е исплата на следните права: правото на мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, социјално домување, парична помош за згрижувач, парична помош за студирање, детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете и единствен родителски додаток.

4.3.2017

Мерките за вработување од Оперативниот план даваат солидни реузлтати

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување Скопје Слободанка Алексовска  го посетија Друштвото за производство, трговија и услуги “Балкан флорс” ДОО Скопје кое што е корисник на мерката кредитирање на правни субјекти.

Повеќе

2.3.2017

Министерот Ибрахими се обрати на промоцијата на кампањата „Биди фер. За детство без пречки“

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на настанот со кој започна кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.

Повеќе

21.3.2017

Ибрахими на Конференција за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Конференцијата за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик” каде што беа презентирани и разменети искуства за акции насочени кон вработување и социјална инклузија на млади во ризик при што рече дека Владата на Република Македонија во своите заложби за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, особено внимание посветува на најранливите категории на невработени лица, пред се младите лица и оние што се во социјален ризик.

Повеќе
2.3.2017

Преку проектот “Инклузија на децата Роми во јавните детски установи” 4.150 деца Роми вклучени во предучилишното образование

 
Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими денеска одржа средба со директори, воспитувачи, претставници на единиците на локална самоуправа и претставници на невладини организации вклучени во проектот “Инклузија на децата Роми во јавните детски установи (градинки)”. 

Имено, проектот „Инклузија на деца Роми во ЈОУДГ„ е заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика, Ромскиот образовен фонд и единиците на локална самоуправа.

Повеќе

1.3.2017

Промовирани три мерки за вработување од Оперативен план за 2017 година

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и раководителот на Центарот за вработување Скопје Слободанка Алексовска промовираа три програми од Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година и тоа: Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, Програмата за самовработување со кредитирање и Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места.

Повеќе