Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда за најдобра пракса за БЗР за 2019 година

Почитувани,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа. 

Во прилог :

Крајниот рок за пријавување на компаниите е 15 март 2020 година

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:   

  • мали компании (до 50 вработени) 

  • средни компании (до 250 вработени)  и 

  • големи компании (над 250 вработени)

Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Пополнетите апликации, заедно со кратка powerpoint презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ (л. карта) на компанијата и имплементираните системи/мерки/политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:

jasmina.chaloska@mf.edu.mk и

ddocinski@mtsp.gov.mk 

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

Со почит,

Национален совет за БЗР 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->