29.11.2014

Отворена нова детска градинка во Црниче

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, претставникот на УНДП во Македонија, Луиза Винтон  во скопската населба Црниче во општина Кисела вода денеска ја пуштија во употреба новата детска градинка, клонот „Перуника“ во рамки на градинката „Весели цветови“. 

Повеќе

27.11.2014

30 години јубилеј на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на меѓународната научна конференција на тема „Достигнувањата и перспективите на социјалната работа и социјалната политика“,  организирана по повод јубилејот 30 години од работењето на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет Скопје.

Повеќе

25.11.2014

Спасов во Софија на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“ 


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на 25 ноември 2014 година (вторник) во Софија, Република Бугарија на покана на Министерството за труд и социјална политика на Република Бугарија, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, учествува на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“.  

Повеќе

21.11.2014

Договор меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов престојува во работна посета на Словачката Република при што оствари средба со министерот за труд, социјални прашања и семејство Јан Рихтер.

Повеќе
20.11.2014

Спасов во работна посета на Унгарија

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов престојува во работна посета на Унгарија при што оствари средба со министерот за човечки ресурси на Унгарија Золтан Балог. 

Повеќе

16.11.2014

МТСП ги зголемува капацитетите за згрижување и воспитување на деца


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ во Општина Ѓорче Петров.

Повеќе

14.11.2014

Доделен првиот бесплатен елаборат за легализација

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Славче Трпевски, денес го доделија првиот бесплатен геодетски елаборат  за легализација на дивоградба на  Божа Савеска од Скопје.

Повеќе

13.11.2014

Се воведува подобар систем за вработување на лица со инвалидност

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на првата јавна расправа за новиот Предлог Закон за вработување на лица со инвалидност присутните ги запозна со новините што ги носи Предлог законот истакнувајќи дека се работи за клучна и особено важна реформа.

Повеќе

13.11.2014

Зголемување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница   

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на VI-та Работна средба за инклузија на Роми и Роми бегалци на која се разменија мислења и ставови, се оценија состојбите и напредокот на статусот кој го имаат граѓаните од ромска национална припадност во Република Македонија. Во своето обраќање министерот Спасов истакна дека зголемувањето на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница во современите општествeните текови е јасно дефинирано со Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Националните Акциони Планови од Декадата за вклучување на Ромите. 

Повеќе

12.11.2014

Општина Дојран доби врвна детска градинка

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов ја отворија Јавната општинска установа за деца-детска градинка „КОКИЧЕ“ во Дојран.

Повеќе

7.11.2014

Новиот предлог Закон за забрана и спречување на нерегистрирана дејност ќе ја намали сивата економија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов учествуваше на првата јавна расправа во однос на Предлог законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. Министерот Спасов истакна дека нацрт текстот е подготвен после опсежни анализи, црпење на искуства од слични решенија во соседството, но и консултации со нашите партнери од Економско-социјалниот совет. Воедно, тој посочи дека до сега не постоеше законско уредување кое што ја уредуваше оваа материја.

Повеќе

6.11.2014

Со конкретни мерки до сопствени бизниси и отворање на нови работни места

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на конференција за медиумите информираа за активните политики за вработување, односно за распишаните огласи за Проектот за самовработување со кредитирање, Проектот за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години, Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места и Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст.  

Повеќе

5.11.2014

Нов приватен дом за стари лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов го пушти во употреба новиот приватен дом за згрижување стари лица во општина Сопиште “Резиденција Дабески”. За отворање на овој дом се искористени поволностите што ги нуди државата, а инвестирани се средства во висина од околу 350 илјади евра. Во Домот ќе можат да бидат згрижени 30 лица.

Повеќе

4.11.2014

Кривогаштани доби градинка за првпат

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски, денес отворија градинка во Кривогаштани, за првпат во ова населено место.

Повеќе

1.11.2014

Првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливи категории доделени во Велес

Mинистерoт за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Велес, ги доделија првите решенија за отпис на долгови на граѓани oд ранливи категории.

Повеќе