Министерот Ташевска-Ременски  оствари средба со постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Луиза Винтон

Министерот за  труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Луиза Винтон при што беше разговарано за актуелната состојба со бегалците, односно бегалската криза и други прашања поврзани со ресорот труд и социјала.

Имено, Ташевска-Ременски и Винтон разговараа за вклучување на министерството во повеќе проекти поддржани од УНДП како што се Проектот за самовработување и поголемо вклучување на жените во него, потоа поголемо вклучување на локалната самоуправа во проекти коишто се заеднички и во соработка со министерството и УНДП, а посебен акцент беше ставен и на родовата еднаквост.

На средбата се разговараше и за конкретни проекти поддржани од страна на УНДП како што е проектот за  Регионална поддршка за подобрување на капацитетите за постигнување на реален напредок во вклучувањето на Ромите во општеството и други проекти, проектот за „Зајакнување на локалните капацитетите за давање на социјални услуги” чија цел е да ги анализира и зајакне капацитетите на локалните чинители за давање на квалитетни социјални услуги за ранливи категории на граѓани во четири пилот општини.