Средба на Ташевска-Ременски со шефот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамед Ариф

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со шефот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамед Ариф и сениор офицерот за заштита во УНХЦР Дејан Кладарин при што беше разговарано за потпишување на анекс на постојниот Договор за поддршка на бегалците во Република Македонија. 

На средбата беше констатирано дека во периодот што доаѓа потребни се заеднички напори и  посветеност за грижата на мигрантите, напори за подобрување на условите, но и заедничка регионална соработка.

Министерката Ташевска-Ременски изрази благодарност за досегашните напори и поддршката на УНХЦР и констатираа дека е во интерес да се продолжи со континуираната заедничка соработка. Таа рече дека со потпишувањето на анексот на постојниот Договор за поддршка на бегалците во Република Македонија ќе се направи координирање на средства, како и отпочнување на постапки за набавка.

         Шефот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамед Ариф исто така изрази благодарност и рече дека и натаму останува поддршката за МТСП, но и понатамошна соработка и со Министерството и со Агенцијата за вработување на Република Македонија. Најави интензивни подготовки за наредниот период, како и дефинирање на документите коишто се неопходни за поминување како што се: критериуми за влез на мигранти, заштита од трговците на луѓе, план за постапување, градење на подготвителни капацитети и континуирано унапредување.

Беше нагласена потребата од следење на состојбата, од подготовка на Оперативен план за координација, како и координација на сите институции, потребата од регионална соработка и присутност на МВР на границите, но и злоупотребата за бизнис заработка врз грбот на мигрантите како што е продажбата на карти и сл.