Ташевска-Ременски го посети СОС “Детско Село” Македонија 

По повод 20 ноември, Универзалниот ден на детето министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети СОС “Детско Село” Македонија при што најпрвин оствари средба со штитеникот Трајче Пеев кој покажува исклучителен талент за фудбал и е на чекор до академијата на фудбалскиот клуб Арсенал од Грција.На оваа фудбалска академија тренираат млади лица на возраст од 11 до 16 години. Лицата од академијата се запознаени со  фудбалскиот потенцијал на Трајче, а од неговиот иден менаџер е побарано да се овозможи пробен престој,  односно еднонеделно фудбалско следење по кое ќе се даде мислење за евентуално вклучување на Трајче во Фудбалската академија на Арсенал во Грција.

“На Универзалниот ден на детето, денот кога Обединетите Нации ја донесоа Конвенцијата за правата на детето беше повод да го посетам СОС “Детското Село” Македонија и на Трајче Пеев да му посакам успех во неговиот напор за да стане препознатлив фудбалер на Арсенал. Да му ја дадеме сите заеднички поддршката за да ги развие своите таленти и да стане препознатлив за Република Македонија и за светот како дете од за Република Македонија, а ние заеднички преку таа наша поддршка да испратиме апел до сите институции во Република Македонија и до сите граѓани дека не само на овој ден, туку и на сите останати денови во годината да им посветиме многу поголема грижа на децата, на нивните права и кога ќе ги прегрнеме нашите деца дома да помислиме за сите оние коишто немаат дом, сите оние коишто немаат грижа, и сите оние коишто се жртви на страдања предизвикани од возрасните”, изјави министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Доколку Трајче ги покаже фудбалските знаења и ги задоволи строгите и префинети фудбалските критериуми на тренерите коишто би го следеле во текот на пробната една недела, тој би се вклучил во академијата и би тренирал фудбал во времетраење од две години.  Toј скромно ја раскажа својата приказна.

“Во 2012 година СОС Детското село Скопје преку група од 10 млади деца меѓу кои и jас учествуваме на првиот Европски фудбалски куп за деца без родителска грижа во Варшава, Полска. Натпреварите беа аматерски, имаше многу дружење, но тој настан пресуден за мене да го изберам фудбалот при што добив голема поддршка од сите овде и од мојот тренер”, изјави Трајче кој сега почнува да чекори низ патот на неговиот фудбалски развој со исклучителна мотивација и брзина.

Гости на СОС Детско село Македонија беа и дел од највисоката раководна структура на СОС Детско село – Интернационал пришто министерката Ташевска-Ременски ја искористи можноста со нив да размени мислења околу активностите коишто се преземаат во врска со бегалската гриза и бегалците коишто транзитираат низ Република Македонија.

Главната причина на посетата на раководството на СОС Детско село Интернационал на Македонија е да се запознаат со активностите на терен на Проектот за интервентна поддршка за бегалците.

 СОС Детско село Македонија од почетокот на август оваа година, се вклучи со свои активности во поддршка на бегалците и мигрантите. Заради обезбедување на посеопфатен одговор на проблемите со кои се соочуваат бегалците, СОС Детско село Македонија стана членка на координативното тело која ги организира и координира хуманитарните активности за бегалците. Координативното тело се состои од претставници на Владата (Министерство за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, локалните општини), УНХЦР, УНИЦЕФ, ИОМ, Црвениот крст и локални невладини организации. СОС Детско село Македонија е во постојана комуникација со ситестрани, одговарајќи секојдневно на потребите и предизвиците.

“Во денови кога се соочуваме и со наплив на бегалци и мигранти, во денови кога слушаме за голем број жртви, деца на боиштата во воените судири, не можеме и не смееме да останеме неми на нивните страдања, не смееме да останеме неми во исполнување на нивните потреби и права, и не само декларативно туку и на дела да покажеме дека сме хумана нација, дека се грижиме за возрасните, се грижиме за децата, но и дека грижата за децата ја ставаме во врвните приоритети и во нашето работење и во нашето живеење. Тоа треба да го покажеме сите граѓани на Република Македонија”, потенцираше министерката Ташевска-Ременски.

Потпретседателорт на СОС Детски села Интернационал, Бригита Трауернихт честитјаќи и се на Ташевска-Ременски за министеркиот ангажман рече дека  тие се стара организација, на голобано ниво присутна во 140 земји, но она што е важно покрај сите вработени коишто се во сите овие земји е тоа што во центарот на нивното внимание се младите, децата.

“Еве денеска Вие тоа го покажавте преку пример за ова дете коешто е член на  СОС Детското Село. Инаку во СОС Детското Село коешто пости насекаде во светот работат многу луѓе во којшто се вложуваат многу средства, посебно сега, и ние дојдовме преку Германија и Австрија во Македонија да ја видиме актуелната состојба што е со кризата со бегалците, а посебен акцент да се обрне на децата. Сите ние што сме дојдени тука, сме дојдени само за една цел а тоа е да помогнеме на децата кои се во центарот на нашето внимание и работа”, рече потпретседателот на СОС Детски села Интернационал, Бригита Трауернихт.

Инаку, СОС Детско село Македонија има потпишан Меморандум за соработка со Министерство за труд и социјална политика за спроведување на активностите од проектот за интервентна поддршка.  Главните активности на СОС Детско село Македонија се обезбедување на пријателски места за деца, помош и пружање на психо-социјална поддршка на децата, родителите и семејствата во целина, како ина децата и мајките со мали деца во транзитниот центар Табановце; обезбедување на храна за деца: адаптирано млеко за бебиња, прехранбени пакети за деца, храна погодна за патување, како и непрехранбени производи: пелени, сезонска облека, ќебиња, хигиенски пакети итн. Дистрибуцијата на оваа поддршка, СОС Детско село Македонија ја организира преку Црвен крст.

“Ние уште во текот на месецот Август започнавме со хуманитарна помош, меѓутоа сега влегуваме во еден посериозен проект којшто всушност го подржува ова наше Детското СОС Село, интернационално семејство и денес овие високи претставници се тука затоа. Тие ќе овозможат финансирање од над 1.000.000 евра коишто ќе бидат вложени во поддршка на овој проект за бегалците и од денес стартува нашиот пријателски простор за поддршка на деца и на семејства во прифатниот центар во Табановце, каде што заедно ќе се обидеме да им го олесниме патот на тие ранливи категории, на децата, на мајките, на семејствата, задно во партнерство со УНИЦЕФ и со други партнерски организации којшто работа на терен”, изјави Јулијана Гапо национален директор на СОС “Детско село” Македонија .