Ташевска-Ременски оствари средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет

Министерот за  труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја оствари првата работна средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет.

На средбата министерката Ташевска-Ременски го информираше амбасадорот Гарет за тековните работи на Министерството, но ја искористи можноста на работната средба да го запознае и со приоритетите на нејзиното работење во периодот што претстои.

Ташевска-Ременски и Гарет  разговараа и за актуелната криза со мигрантите и бегалците, но и за лицата со хендикеп и сите останати категории на лица за коишто Министерството води грижа и нуди услуги.