30.11.2017

Царовска: Сервисите за поддршка на жртви од насилство ќе бидат адаптирани за жени и девојчиња со попреченост

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на панел дискусијата: ,,Жени и девојчиња со попреченост –потенцијални жртви на родово базирано насилство” рече дека во минатите години многу малку се зборувало и е направено за овој тип на насилство.

Повеќе

29.11.2017

Царовска: ,,Ќе ги решаваме проблемите на Ромите со документите, вработувањето, образованието и домувањето” 

На тркалезната маса на тема “Заедничка акција за остварување на еднакви права на Ромите” министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека оваа Влада е инклузивна и одлучна во определбата да ги решава проблемите што ја засегаат ромската популација.

Повеќе

28.11.2017

Ќе се јакнат механизмите за спроведување и следење на ООН Конвенцијата за заштита на лицата со попреченост 

На меѓународната конференција ,,Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост-искуства од регионот'' министерката за труд и социјална политика Мила Царовска говореше за обврските кои Република Македонија ги има согласно со член 33 од Конвенцијата за заштита на правата на лицата со попреченост. 

Повеќе

27.11.2017

Мила Царовска: Создаваме услови за пристојна работа и еднакви можности за мажите и жените

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на завршната конференција на проектот „Промена на традиционалните размислувања преку колективните договори во Западен Балкан - улогата на социјалните партнери во овозможување на усогласеност меѓу работата и семејството, како и промовирање на родовата еднаквост“.

Повеќе

23.11.2017

Работен состанок за социјална интеграција на Ромите во Република Македонија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска имаше воведно обраќање на Работниот состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија. Целта на овој состанок е зголемување на нивото на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020, како и Националните акциони планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка.

Повеќе

21.11.2017

37,5 милиони евра поддршка од ЕУ за вработувањето, социјалната инклузија и образованието

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја почна новата кампања „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“, која се однесува на три поддржани сектори: вработување, образование и социјална инклузија, финансирани од ИПА Оперативната програма за човечки ресурси 2007-2013, за која ЕУ обезбедува 37,5 милиони евра за унапредување на состојбите во овие сектори.

Повеќе

21.11.2017

Заменикот министер Азири на одбележување на ,,Неделата на грижа на стари лица”

Заменик министерот за труд и социјоална политика проф. д-р Елми Азири учествуваше на прес конференцијата по повод Неделата за грижа за стари лица „Сите сме нивни деца“ во организација на Црвениот крст на Република Македонија.

Повеќе

20.11.2017

Царовска на одбележување на Неделата за грижа за стари лица „Сите сме нивни деца“ 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска беше на одбележувањето на Неделата за грижа за старите лица која се одвива под мотото „Сите сме нивни деца“ во организација на Црвениот крст на Град Скопје.

Повеќе

17.11.2017

Трета седница на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

На трета седница на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем членовите на Советот ги разгледаа податоците кои се однесуваат на распределбата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување на индивидуалните сметки на членовите во вториот пензиски столб при што констатираа дека од септември 2017 година средствата по овој основ без задоцнување се пренесуваат на личните сметки на  470.000 членови.

Повеќе

17.11.2017

Царовска говореше на панел дискусијата за ,,Дизајн за социјална инклузија”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска говореше на панел дискусијата за ,,Дизајн за социјална инклузија”, организирана во рамки на ,,Скопје постер фестивал”.  Еден обичен постер, може да промени нечија свест.

Повеќе

17.11.2017

Извршена исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права и услуги дека на 16.11.2017 година изврши исплата на сите права од социјална и детска заштита за месец октомври.

Повеќе

16.11.2017

Царовска на конференцијата ,,Семејство за секое дете'': Заклучно со 2020-та ниту едно дете од 0 до 3 години нема да биде во институција

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, шефот на Делегацијата на Европската унија, Самуел Жбогар и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс ја отворија Конференција: ,,За секое дете, семејство”  посветена на  заложбата на Владата до 2020 година да се стави крај на сместувањето на деца под 3-годишна возраст во големи институции.

Повеќе

15.11.2017

Конференција за лицата со посебни потреби „Очи за еднаквост”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на Конференција за лицата со посебни потреби „Очи за еднаквост” на која беа презентирани истражувањата и анализите за потребите за промени за лицата со посебни потреби во областите на социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот.

Повеќе

15.11.2017

Царовска на доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година

На Десеттата јубилејна манифестација на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата,  на која беа доделени наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2017 година, покрај Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши, Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Повеќе
14.11.2017

Пред претставниците на Стопанската комора на Македонија презентирани мoжностите за поддршка за отворање на работни места

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон, директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска и оперативната директорка на Организација на комората Елена Милевска Штрбевска, се обратија на информативната средба со членките од стопанската комора.

Повеќе

10.11.2017

Царовска на Регионална конференција посветена на Ромите во Тирана 

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Тирана учествува на конференцијата на која се разговара за потребите и приоритетите поврзани со пополнувањето на буџетските дупки во политиките за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција организирана во рамки на Акцискиот тим за проектот „Интеграција на Ромите 2020“ (РИ2020)

Повеќе

9.11.2017

#Ibelong- кампања на УНХЦР за ставање крај

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на #Ibelong- кампањата на УНХЦР за ставање крај на бездржавјанството на која се промовираше новиот извештај за малцинства без државјанство во моментов или во минатото „Ова е нашиот дом“ и два куси видео клипа кои ја претставуваат приказната на недокументираните лица во земјава.

Повеќе

9.11.2017

Прв состанок на Координативното тело за подготовка и имплементација на Гаранцијата за млади

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска имаше воведно излагање на првиот состанок на Координативното тело за подготовка и имплементација на Гаранцијата за млади, тело кое има одговорна задача да работи на една од приоритетните цели на Владата младите да ја проектираат и градат својата иднина во својата татковина.

Повеќе

8.11.2017

Царовска: Ќе ги унапредиме социјалните права согласно со Европската социјална повелба

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се обрати на семинарот за неприфатените одредби од Европската социјална повелба, организиран од страна на Советот на Европа и МТСП.

Повеќе

7.11.2017

Завршна конференција од ИПА проектот ,,Унапредување на социјалното претприемништво”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на завршната конференција од ИПА проектот ,,Унапредување на социјалното претприемништво”, финансиран од ЕУ, при што се осврна за идната улога на социјалното претприемништво во земјата. 

Повеќе

03.11.2017

Царовска на Форумот на добри компании: Сите заедно да го вложиме максимумот во решавањето на социјалните проблеми

На второто издание на Форумот на добри компани, насловен како „Партнерства за општествен импакт“, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска имаше видео јавување во кое го нагласи следново:

,,За искоренување на сиромаштијата и намалување на социјалните ризици клучно е да имаме партнерство меѓу бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и институциите кои што им служат на граѓаните.  Потребно е сите заедно да го вложиме максимумот во надминувањето на овие проблеми. Ако во нашето општество имаме помалку исклучени лица - сите заедно би биле посреќни.’’

Повеќе

1.11.2017

Регионалната конференција за систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница

Заменик министерот за труд и социјална политика Елми Азири, министерот за задолжен за имплементација на Националната стратегија за Ромите Самка Ибраимовски и заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн се обратија на Регионалната конференција за систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница на која беа споделени регионалните практики за процесот на инклузија на лицата без документи од ромската заедница.

Повеќе