30.11.2018

Владата во дијалог со бизис секторот креира политики за зголемување на вработеноста

Денеска во Струмица пред повеќе од 100 стопанственици се одржа втората информативна бизнис средба „Шанса за сите“. На регионалниот состанок, освен владини прeтставници и меѓународни организации присуствуваа лица од стопанските комори, бизнис асоцијациите и други регионални бизнис организации.

Повеќе

30.11.2018

Царовска: Додатокот за трето дете и понатаму ќе се исплаќа на семејствата што го стекналe правото 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од опозицијата ги повика пратениците со национален консензус да ја изгласаат социјалната реформа, затоа што со неа ќе се намали сиромаштијата и ќе се подобри животот на секое дете во Македонија. Царовска уште еднаш од собраниската говорница потенцираше да не се манипулираат граѓаните дека додатокот за трето дете се укинува туку дека тој се унапредува во ефективна мерка која треба да даде ефекти во демографската политика.

 

Повеќе

29.11.2018

Дигитални обуки за полесно вработување на младите лица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваше на прес-конференцијата по повод промоцијата на дигиталната платформа која ќе им овозможи на младите невработени лица, особено оние кои живеат надвор од Скопје, да поминат бесплатна обука од програмата „Вештини за успех“ за да се стекнат со знаења и вештини за полесно вработување или започнување сопствен бизнис, креирана од Пивара Скопје.

Повеќе

29.11.2018

Светска банка со позитивна оцена за социјалната реформа, поддршка за трансформација на додатокот за трето дете

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете.

Повеќе

28.11.2018

Дебатата на тема „Системски решенија за регистрација на лицата без документи“: Во општество еднакво за сите, секој мора да има еднаков пристап до сервисите и услугите на државата

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа дебата на тема „Системски решенија за регистрација на лицата без документи и спречување граѓаните да останат без државјанство“. На настанот свои обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска,  шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која и претставникот на УНХЦР во Скопје, Дејан Кладарин.

Повеќе

27.11.2018

Регионален форум за имплементација на Истанбулската Конвенција: Вознемирувањето или насилството во било која форма врз жените и девојките не е привлечно, не е машко, ниту машкост и не е прифатливо

Владата на Република Македонија, Регионалната канцеларија на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), Европската Унија и Советот на Европа, во партнерство со Европското женско лоби денеска официјално го отворија дводневниот Регионален форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“, кој ќе го разгледа напредокот во имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Истанбулска конвенција. 

Повеќе

27.11.2018

МТСП:Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат само со навршен пензиски стаж

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник на Р.М.

 

Повеќе

26.11.2018

Промоција на Македонија на состанокот во Европската агенија за безбедност и здравје при работа, Билбао, Шпанија

Европската агенија за безбедност и здравје при работа ( European Agency for Safety and Health at Work ) EU-OSHA, ја покани проф. д-р Јованка Бислимовска, претседател на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, како гостин-спикер на состанокот на национални претставници на 33 земји-членки и кандидати за членство во ЕУ како и претставници на Европската  комисија и Европски борд на работници и  работодавачи.

Повеќе

23.11.2018

Советот за пензиска реформа ги поддржа корекциите во пензискиот систем

Советот за реформа во пензискиот систем одржа седница на која ги поддржа предложените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за задолжително капитално пензиско осигурување.

Повеќе

23.11.2018

Царовска: Ја зајакнуваме инспекциската служба, се подготвуваме за спроведување на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржа состанок со инспекторите коишто работат во областа на социјална заштита. На состанокот се разговараше за моменталната состојба на инспекциската служба и за идните актвивности кои ги преземе министерството со цел да го зајакне капацитетот на оваа служба, непосредно пред почетокот на спроведување на новата социјална рефорома.

Повеќе

17.11.2018

Рекордни 1,1 милијарда денари за новиот план за вработување во 2019 година

Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Агенцијата за вработување на РМ и другите вклучени чинители започнаа со подготовка на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година. Тимови составени од претставници на владините институции, центрите за вработување, стопанските комори, УНДП, донаторите и Фондот за иновации и технолошки развој, викендов во Велес ги поставија основите и насоките во кој правец ќе се дизајнираат, надоградуваат и модернизираат новите сет мерки за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста. 

Повеќе

16.11.2018

Професионалните компетенции на воспитувачите во предучилишното образование се клучни за предучилишното образование

СКОПЈЕ, 16 ноември 2018: Министерката за труд и социјална политика, г-а Мила Царовска, министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми, заменик амбасадорот на Велика Британија во земјата г. Доминик Отвеј и претставникот на УНИЦЕФ, г. Бенџамин Перкс денес ја отворија стратешката работилница за отпочнување на систематски процес за дефинирање на професионалните компетенции на воспитувачите во предучилишното образование.

Повеќе

15.11.2018

Царовска: Со инвестирање во раниот детски развој, инвестираме во подобро општество

„Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на личноста, Ние се грижиме за секое дете и инвестираме токму во детската заштита, a со тоа и во подобро и попозитивно општество“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната тркалезна маса посветена на врсничкото насилство (булинг) во училиштата.

Повеќе

9.11.2018

Со социјалната реформа градиме поправедно општеството и ја намалуваме сиромаштијата

Јавна консултација за Предлог законот за социјална заштита, според кој ќе се спроведува социјалната реформа во Македонија, се одржа денеска на Филозофски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На консултацијата зборуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. д-р Маја Геровска Митев, експерти, претставници од невладините организации и локалните самоуправи.

Повеќе

8.11.2018

Премиерот Заев и министерката Царовска: 96 лица бездомници добија достоинствени услови за живот, шанса за вработување, а децата им се вклучени во образовниот процес

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и министерската за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ги посетија семејствата кои се сместени во привремени живеалишта во прифатниот центар во Визбегово, а коишто досега живееја на отворено, под тврдината Кале.

Повеќе

8.11.2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

Воведуваме додаток за прво, второ и трето дете

Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете.

Повеќе

7.11.2018

Царовска во Белград: Обезбедуваме поголема искористеност на европските фондови, заеднички ја унапредуваме социјалната заштита во Западен Балкан

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со колегите министри од Западен Балкан, потпишаа Декларација за унапредување на социјалната политика во регионот. Декларацијата беше потпишана вчера на конференцијата „Иницијатива за социјална димензија на ЕУ интеграциите“ што се одржа во Белград.  Со овој документ земјите потписнички се обврзаа заеднички да дејствуваат во спроведувањето на реформите од социјалната заштита.

Повеќе

1.11.2018

Заменик министерот Бајрактар со претставниците на Светска банка во обиколка на објектите и општините кои ќе бидат опфатени со Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита, во вредност од 30 милиони евра обезбедени од Светска банка, со гостие од Светска банка посетија повеќе објекти и општини во Скопје.

Повеќе