Јавен повик

Врз основа на член 9 од Закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи ("Службен весник на Република Македонија" број 166/12 и 30/16), Министерството за труд и социјална политика, објавува

                                                                                              Ј А В Е Н   П О В И К

за прибирање на барања од заинтересирани правни лица за учество при распределбата на правото за упатување на работници (деташман) за изведување на проектни договори во СР Германија и тоа за:

-    120  работници за изолациони проектни договори;  

-    110 работници за монтажерски проектни  договори и   

-    320 работници за градежни проектни договори.  

Согласно членот 5 од Закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи ("Службен весник на Република Македонија" број 166/12 и 30/16), во распределбата на правото на определената квота на работници за изведување на градежни, монтажни и изолациски работи преку проектни договори, може да учествува трговско друштво кое:

- кадровски и технички е опремено за самостојно изведување на конкретни проектни договори во странство и кое ги исполнува другите услови утврдени со овој закон;

- има регистрирано дејност во областа на градежништвото;

- има најмалку десет вработени на неопределено работно време, шест месеци пред пријавување на јавен повик;

- има позитивен бонитет во работењето во претходната година;

- ги има измирено сите даноци, придонеси и други јавни давачки;

- против кое не е отворена стечајна постапка и

- против кое не е поведена постапка за ликвидација.

За учество во распределбата на правото на определената квота на работници, за изведување на проектни договори по правни лица, во рамките на доделеното право од СР Германија заклучно до 30 септември 2021 година, трговското друштво до Министерството за труд и социјална политика, треба да достави:

- барање од трговското друштво со негово претставување, негов назив, адреса, седиште, овластено лице на трговското друштво, телефон, е-маил како и бројот и видот на работници за кои се аплицира;            -

-документ за регистрирана дејност во Централен регистар на Република Северна Македонија или документ за тековна состојба на правното лице;           

- документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво, од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време, најмалку шест месеци пред пријавување на трговското друштво на јавен повик;           

- Образец М-1/М-2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото, издаден од Агенција за вработување на Република Северна Македонија;         

- документ за бонитет на друштвото, издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија;       

- потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;       

- потврда од надлежен суд дека не е отворена постапка за стечај ;          

- потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена постапка за ликвидација и        

- референци  на трговското друштво  во земјата и странство, потпишани и заверени од работодавачот.

Наведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци од денот на издавањето, а се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар во затворено плико.

Рокот за поднесување на барања за учество во распределбата на доделената квота на јавниот повик од заинтересираните трговски друштва изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот повик, почнувајќи од 24.09.2020 година, а заклучно до 08.10.2020 година. 

Барањата кои ќе пристигнат по рокот за доставување, ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат разгледувани.

Барањата кон кои не е приложена потребната документација назначенa во јавниот повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Барањата треба да се достават преку пошта на адреса: улица "Даме Груев" број 14 - Скопје или да се предадат во архивата на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија (најдоцна до 16,00 часот, секој работен ден).

Телефон за контакт: 02 3106 652     

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }