31.10.2014

Државниот секретар Хусејин во посета на општина Демир Капија

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин во Демир Капија ги отвори Народната кујна и реновираната детска градинка “Борис Трајковски”. При тоа тој истакна дека Владата на Република Македонија презеде активности во насока на потпомагање на лицата во социјален ризик, за кои нема кој да се грижи, како и за лицата со нарушена здравствена состојба кои живеат во неповолни станбени и животни услови. 

Повеќе

28.10.2014

Зголемување на минималната плата од јануари 2015

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски на заедничка конференција за медиумите информираа за најновите измени на Законот за минимална плата усвоени од Економско Социјалниот Совет и Владата на Република Македонија. Имено, Владата на Република Македонија и социјалните партнери од Економско-социјалниот совет целосно се посветени на подобрување на стандардот на работникот. 

Повеќе

24.10.2014

Министерот Спасов во посета на малиот групен дом во Кавадарци

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети малиот групен дом во Кавадарци, кој што функционира од април 2013 година и во него се згрижени 6 деца од повеќе општини. Според министерот Спасов, овој дом претставува прекрасен пример за вонинституционална заштита на деца кои се наоѓаат во социјален ризик.

Повеќе

24.10.2014

Министерот Спасов во работна посета на Битола

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на одбележувањето на Денот на Обединетите нации-24 октомври во Битола. Пред присутните, министерот Спасов истакна дека Република Македонија како полноправна членка на Обединетите нации, вложува максимални напори да ги постигне целите кои ги има како земја во развој. 

Повеќе

22.10.2014

Нов проект “Унапредување на социјалниот дијалог”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на промоцијата на проектот "Унапредување на социјалниот дијалог" вреден околу 1,3 милиони евра, финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци. Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации е целта на овој Проект на кој исто така се обратија шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси, директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (ILO) и социјалните партнери.

Повеќе

21.10.2014

Навики за здрава исхрана уште од градинка

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ, денеска ја посетија детската градинка „8 Март“ во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки и негувателки имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.   

Повеќе

17.10.2014

Камен темелник на градинка во Облешево

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на градинка во населеното место Облешево во општината Чешиново-Облешево во која ќе бидат опфатени децата од предучилишна возраст од ова и соседните населени места.

Повеќе

15.10.2014

Oтворен првиот дневен центар за деца со оштетен вид   

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”, Горанчо Јакимов, и директорот на ЈУМЦСР, Биљана Јарчевска денес го отворија првиот дневен центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст.       

Повеќе

14.10.2014

Работна средба

„Улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите и презентација на првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ 

На 13.10.2014 година, во Општина Штип, Министерството за труд и социјална политика организираше работна средба на тема „Улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите и презентација на првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“, со цел успешна имплементација на политиките на Владата на Република Македонија на локално ниво. 

Повеќе

14.10.2014

Отворен првиот саем за вработување

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, денес го отворија првиот Саем за вработување на кој учествуваат 86 компании од сите сектори и дејности, а меѓу нив се и дел од странските вложувачи што дојдоа да инвестираат во Македонија.

Повеќе

10.10.2014

Нови можности за децата од социјално ранливите категории 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска потпиша Меморандум за соработка со претставниците на Македонската кошаркарска федерација, Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Карате федерацијата на Македонија со кои на сите деца од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, како и децата корисници на посебен и детски додаток да имаат можност бесплатно да спортуваат во клубовите кои се членки на овие федерации.

Повеќе

7.10.2014

Промовиран реновираниот центар за социјална работа, отворен Центар за социјални услуги и Центар за ран детски развој во Пробиштип

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ја посети општина Пробиштип, при што оствари работна средба со градоначалникот на општината, Тони Тоневски. Во рамки на посетата, Спасов го посети новоотворениот Центар за социјални услуги,  проект кој го реализира Општина Пробиштип со Германско друштво за интернационална соработка ГИЗ во соработка со МТСП и Завод за социјални дејности. 

Повеќе

6.10.2014

Конференција на високо ниво за вештини за иднината – Западен Балкан и Турција– настан за проверка на проектот “FRAME“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, на 6.10.2014 година учествуваше на Конференцијата на високо ниво за вештини за иднината–Западен Балкан и Турција–настан за проверка на проектот “FRAME“ на Европската фондација за обука (ETF), којa што се одржува во Тирана, Албанија.

Повеќе

5.10.2014

“Се зајакнува улогата на синдикатите во заштитата на работничките права и нивната безбедност”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров одржаа заедничка прес конференција на која информираа за новиoт предлог  Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа. 

Повеќе

4.10.2014

Друштвото на писателите на Македонија донираше книги за социјално ранливите категории

Друштвото на писателите на Македонија ја поддржа акцијата на Министерството за труд и социјална политика „Подари книга“ за социјално ранливите категории. Тие подарија колекција од книги во која беа донирани книги од нивни членови, а најавуваат дека ќе продолжат и понатаму со поддршка на акцијата

Повеќе

1.10.2014

Нови приватни старски домови- меѓу приоритетите на МТСП

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и сопственикот на ПЗУ “Дијагностички центар”, с.Кравари,  Димче Тристовски го отворија новиот старски дом во рамки на дијагностичкиот центар.

Повеќе