Извештај на Интернационалната корпорација за деловни машини (IBM): Македонија е број еден креатор на  работни места

Македонија е број еден креатор на работни места во светот, покажува извештајот на IBM компанијата за бизнис истражувања којашто се фокусира на менаџерски и економски прашања.

Овој годишен извештај ги анализира најновите трендови според компаниите чиишто нови бизниси се лоцирани ширум светот, и како тие ги донесуваат таквите одлуки.  Извештајот е направен од страна на Plant Location International, локална стратегија и избор на локација во консултација со Секторот за глобални бизнис услуги на IBM (Department of Global Business Services IBM).

Според клучните точки на овогодинешниот извештај, Македонија е прва во креирањето на работни места според бројот на население.  Соединетите Американски Држави и натаму остануваат најпосакувана дестинација за инвестиции, со рекордна изведба на странски инвестиции во 2014 година, според бројот на отворени работни места.  Ирска продолжува да привлекува вредни инвестиции, додека пак Лондон е лидер во привлекување на странски инвестиции.

Според клучното рангирање коешто ги опфаќа категориите вкупно креирани работни места и создавање на работни места, според бројот на население и просечната вредност на работните места, Македонија е рангирана на прво место заедно со Соединетите Американски Држави и Ирска.

1.   Соединетите Американски Држави

2.   Македонија

3.   Ирска

4.   Кина

5.   Обединетите Арапски Емирати

6.   Швајцарија

7.   Индија

8.   Чешката Република

9.   Шведска

10. Мексико

11. Ирска

12. Данска

13. Обединетото Кралство

14. Костарика

15. Литванија

16. Бразил

17. Естонија

18. Холандија

19. Тајланд

20. Бахреин

21. Хонгконг

22. Виетнам

23. Унгарија

24. Финска

25. Индонезија

26. Летонија

27. Индија

28. Филипини

29. Србија

30. Германија

IBM е копанија за бизнис истражувања којашто се фокусира на менаџерски и економски прашања.  Истата има свои канцеларии во Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Африка и во Соединетите Американски Држави.  Секоја година објавува помеѓу 35 и 50 студии и анализи.