Компаниите да аплицираат  за отпис на камати

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговорајќи на новинарско прашање за отпис на камати по основ на неплатени придонеси истакна дека Владата на Република Македонија со цел да им помогне на компаниите коишто имаат неплатени социјални придонеси на почетокот на оваа година донесе мерка со со која што се  овозможува плаќање на главниот долг на најмногу 36 рати, односно 3 години, и ослободување од каматата која што ја должат.

“Досега имаат аплицирано околу 150 субјекти за вкупен долг од околу 150 милиони денари. Сите заинтересирани компании и субјекти коишто имаат неплатени социјални придонеси и долг по овој основ во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, во Фондот за здравствено осигурување, или, пак во Управата за јавни приходи за придонесите после 2008 година може да аплицираат до крајот на годината, да склучат спогодба со овие институции и да го платат само главниот долг на рати и да бидат ослободени од каматата”, рече Спасов.

Со оваа мерка како што образложи и истакна Спасов значително се олеснува работењето на компааните со оглед на значајниот процент којшто им се отпишува по основ на неплатен долг, односно отпис на каматата.