30.10.2015

Спасов во посета на реконструираниот објект на Центарот за социјални работи во Охрид

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во рамки на работната посета на Охрид заедно со градоначалникот Никола Бакрачески го посетија целосно реконструираниот Центар за социјална работа, зафат вреден околу 5,3 милиони денари.

Повеќе

30.10.2015 

Потпишан Договор за грант за донација од Банката за развој на Советот на Европа за подобрување на условите во Прифатниот центар за баратели на азил

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик генералниот директор за заеми и социјален развој при Банката за развој на Советот на Европа Стефан Селен потпишаа Договорот за грант за донација од страна на Банката за развој на Советот на Европа. Со овој Договор, односно со донираните средства ќе се придонесе во подобрување на условите во Прифатниот центар за баратели на азил којшто е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика и каде што се сместуваат барателите на азил. 

Повеќе

28.10.2015

Нова мерка за вработување социјално ранливи категории граѓани

Нова мерка за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 

Повеќе

28.10.2015

Спасов на Саемот за труд во Радовиш

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски го посетија Саемот за вработување во Радовиш, кој е петти по ред што се организира во Македонија.

Повеќе

27.10.2015

Над 10 илјади вработени со мерката за млади до 29 години

"Целта која што сакавме да ја постигнеме е веќе постигната. Над 10.000 отворени работни места значат многу за македонските компании, за младите во Република Македонија. Оваа мерка продолжува да се реализира и во наредните неколку месеци. За околу една година и осум месеци има 10.300 вработени. Тоа се месечно по околу 520 млади лица кои се вработени во приватните компании", изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.


Повеќе

27.10.2015

Во Чучер-Сандево прв пат се гради детска градинка

Во општина Чучер Сандево во изградба е прва  градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца. Досега децата од општината биле згрижувани во соседните општини или во општините каде работат нивните родители. Инвестицијата е на Министерството за труд и социјална политика и Општината.

Повеќе
22.10.2015

Дозволи за странци и Центар за книга во една канцеларија на улица „Македонија“

Странците кои сакаат да инвестираат во Македонија во иднина на едно место ќе може да ја добијат потребната документација за работна дозвола и дозвола за престој, наместо да посетуваат неколку институции. Канцеларијата се наоѓа на улица „Македонија“ бр. 22 и ќе има повеќенаменска функција. Покрај администрација во неа ќе биде сместен и Центарот за книга - проект предвиден со Националната стратегија за култура 2013-2017.

Повеќе

22.10.2015

Компаниите да аплицираат  за отпис на камати

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговорајќи на новинарско прашање за отпис на камати по основ на неплатени придонеси истакна дека Владата на Република Македонија со цел да им помогне на компаниите коишто имаат неплатени социјални придонеси на почетокот на оваа година донесе мерка со со која што се  овозможува плаќање на главниот долг на најмногу 36 рати, односно 3 години, и ослободување од каматата која што ја должат.

Повеќе

20.10.2015

Отворена нова приватна детска градинка во „Јахја Кемал“

Прва приватна детска градинка во рамки на колеџот „Јахја Кемал“ во Скопје денеска беше пуштена во употреба. На почетокот таа ќе згрижува шеесеттина деца, со можност за проширување на капацитетите во идниот период. Почетната инвестиција е околу 700 илјади евра, а планирана е и дополнителна инвестиција од околу 800 илјади евра. При изградбата на градинката колеџот ги користел поволностите за намалени комуналии за градба за 95 проценти.

Повеќе

20.10.2015

Извештај на Интернационалната корпорација за деловни машини (IBM): Македонија е број еден креатор на  работни места

Македонија е број еден креатор на работни места во светот, покажува извештајот на IBM компанијата за бизнис истражувања којашто се фокусира на менаџерски и економски прашања.

Повеќе

19.10.2015

Нова современа детска градинка во Карбинци 

Денеска во Карбинци беше пуштена модерна и современа детска градинка чија што изградба беше започната минатата година. Станува збор за капацитет од 50 деца со вкупна инвестиција од околу 14.000.000 денари. Министерството за труд и социјална политика, како што истакна Спасов,  учествувало со целосно опремување на овој  објект.

Повеќе
17.10.2015

Над 8.700 директни вработувања со новиот Оперативен план за 2016 година

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои 8.700 ќе бидат директно вработени. За реализација на Оперативниот план ќе бидат инвестирани 710 милиони денари.

Повеќе

15.10.2015

Наградени најуспешните бизниси отворени со грант за самовработување

Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси. Седумдесет проценти од нив се уште активни. Најдобрите од нив во неколку категории беа наградени. 

Повеќе

15.10.2015

Се реконструираат 42 објекти во рамки на МТСП

Во рамки на проектот „Договори за работа како поддршка за процесот за унапредување на активностите и услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија“ финансиран од ИПА програмата на Европската Унија, во Виница министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на агенцијата за вработување  Влатко Поповски и преставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Мауро Ди Вероли направија обиколка на Центарот за вработување кој се реновира и на Центарот за дневен престој на децата.  

Повеќе

9.10.2015

Отворен Дневен центар за деца со оштетен вид во Велес

Во подрачното одделение на Агенцијата за вработување во Велес е отворен Дневен центар за деца со оштетен вид, за кој Министерството за труд и социјална политика и општината обезбедија 1,5 милиони евра.

Повеќе

8.10.2015

Во Кочани отворен Дневен центар за деца со попреченост

Дневен центар за деца со попреченост беше отворен денеска во Кочани со заеднички средства на општината Кочани и Министерството за труд и социјална политика. Во Центарот ќе бидат згрижени 25 деца.

Повеќе
6.10.2015

Меѓународна конференција за унапредување на правата на жената Ромка

Моменталната состојба и остварениот напредок во однос на положбата на ромските жени и девојки, јакнење на нејзината економска положба, интеграција во образовниот процес и во општеството, справување со проблемите на дискриминација, родовото насилство, раните и присилни бракови... се дел од темите на кои ќе се разговара на неколкудневната Меѓународна конференција „Унапредување и покрај се!“, што почна денеска во Скопје.

Повеќе

5.10.2015

Исполнето најкрупното владино ветување за зголемување на пензиите

Околу 300.000 пензионери од го добија ветеното зголемување од 621 денар. Зголемујвање е линеарно кај сите пензионери, а најголемо е кај оние со под 9.000 денари пензија каде зголемувањето е 7 проценти.

Повеќе

5.10.2015

Преку грантот за самовработување досега отворени над 7.250 мали бизниси

Преку грантот за самовработување досега се отворени над 7.250 бизниси, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 400. Една третина од нив се основани и управувани од жени, а исто толку од лица помлади од 29 години. Над 70 проценти од нив се се уште активни и голем дел од нив се развиваат во бизниси со двајца, тројца или повеќе вработени.“Микро и малите компании се значаен сегмент од македонската економија. Тие отвораат значаен број работни места во Република Македонија. Со грантот за самовработување кој Владата на во Република Македонија  го реализира од 2007 година се поддржува растот и развојот за формирање нови мали компании во Македонија и намалување на невработеноста”, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на церемонијата на доделување од Програмата за самовработување.

Повеќе

1.10.2015

Во Гостивар отворена нова детска градинка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта ја пуштија во употреба новата детска градинка, што се наоѓа во близина на гостиварскиот интернат.

Повеќе