27.10.2017

Средба на министерката Царовска со германскиот амбасадор

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржа средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих. Амбасадорот беше запознаен со реформите во надлежност на министерството, пред сѐ во делот на социјалната заштита и мерките за зголемување на вработливоста на младите лица.

Повеќе

26.10.2017

Царовска: Да се подигне свеста кај македонските компании за способностите и можностите на лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, Томислав Зографски од фондацијата „iVote“ и државниот советник во Државниот инспекторат за труд, Беџет Беџети, денеска потпишаа меморандум за соработка за поддршка на практикантската работа на учесниците во проектот за Социјална инклузија преку технологија.

Повеќе

25.10.2017

Пилот мерка во ревидинираниот ОП 2017: Поддршка за создавање на нови работни места во граѓанските организации

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска ја промовираа активната мерка за отворање на нови работни места во граѓанските организации, како дел од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.  

Повеќе

20.10.2017

Премиерот Заев со министерката Царовска на формирањето Интер ресорска група за еднакви можности: Македонија ќе биде земја за пример, имаме системски пристап кон родовото прашање 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на Конститутивната седница на Интер ресорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите.

Повеќе

18.10.2017

Социјална заштита за децата: Вложување во ефикасен систем на социјална заштита за сите сиромашни деца 

На конференцијата „Социјална заштита на децата – размена на добри практики“ која завршува денес во Сарајево, донесувачите на одлуки и стручњаците што работат во областа на социјалната заштита од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија, Грузија и Молдавија ги повикаа владите од регионот да продолжат со натамошни инвестиции и посоодветен систем на социјална заштита на децата. 

Повеќе

17.10.2017

Меѓународен ден за борба против сиромаштија

Заменик министерот за труд и социјална политика д-р Елми Азири се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата кој го организираше Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот Факултет-Скопје каде што се дискутираше за сиромаштијата во Република Македонија како научен и општествен предизвик и што недостасува за ефективно мапирање и справување со неа.

Повеќе

17.10.2017

Порака на министерката Мила Царовска по повод Светскиот ден на борбата против сиромаштијата

Остануваме посветени на каузата - што повеќе луѓе да исчекорат над линијата на сиромаштија и никогаш повторно да не се најдат под неа. Да создадеме општество во кое никој нема да биде изоставен.

Повеќе

13.10.2017

Извршена исплата на права од социјална заштита

Извршена исплата на права од социјална заштита Министерството за труд и социјална политика ги информира граѓаните дека на 13 октомври 2017 година изврши исплата на сите права за месец септември, вклучувајќи ги и социјалната  парична помош, туѓата нега и субвенциите за електрична енергија. Корисниците ќе ги имаат средствата на нивните сметки во текот на денешниот ден.

Повеќе

12.10.2017

МТСП: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2% и усогласени со Законот за минимална плата

На денешната прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките. 

Повеќе

10.10.2017

Извадоци од обраќањето на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на панел дискусијата: „Женско лидерство и политичко учество – пат кон еднаквост“, организирана од Канцеларијата на ОН – Жени (UN Women)

"Навистина ми е чест што имам можност да се обратам на оваа конференција, на овој настан, не само заради тоа што сум министерка за труд и социјална политика, туку заради тоа што сметам дека ова прашање ми е лично блиско, и треба заеднички да се бориме истото да стане реалност. Денеска бевме сведоци на навистина позитивни политички пораки, со кои што ова прашање конечно во Република Македонија добива ветар во грбот или добива можност да се развива во правилна насока...

Повеќе

10.10.2017

Царовска: Истрага за поранешни финансиски злоупотреби во центрите за социјална работа. Да спречиме изборна манипулација на граѓаните кои се под наша заштита

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во рамки на редовните работни посети на центрите за социјална работа низ државата, денеска е во обиколка на ЦСР во Кратово, Пробиштип, Кочани и Делчево. 

Повеќе

6.10.2017

Доделени сертификати за завршена обука за работно–ориентирана рехабилитација 

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации Луиза Винтон присуствуваа и се обратија на свеченото доделување на сертификати на 15 професионалци и 23 корисници од Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица по завршувањето на стручната обука за работно – ориентирана рехабилитација. 

Повеќе

5.10.2017

Оглас на УНИЦЕФ за консултант за техничка помош на Министерството за труд и социјална политика за поддршка на процесот на деинституционализација (национален консултант)

УНИЦЕФ бара квалификуван консултант со искуство во работа со деца во институтции и со лица со попреченост и којшто има познавања за процесот на деинституционализација. Поконкретно, преку таквата консултантска работа, УНИЦЕФ ќе обезбеди техничка помош на Министертвото за труд и социјална политика (МТСП) во процесот на трансформација на институциите за социјална заштита во услуги за поддршка во заедницата во рамките на процесот на деинституционализација.

Повеќе

5.10.2017

Завршно обраќање на Царовска на Европски регионален состанок на МОТ во Истанбул

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го имаше своето завршно обраќање како ко-претседавач на 10-тиот Европски регионален состанок на Меѓународната организација на трудот, во кое ја истакна важноста на социјалниот дијалог во напорите за намалување на сиромаштијата и обезбедувањето на пристојна работа.

Повеќе

2.10.2017 

Царовска избрана за ко-претседавач на 10-тиот Европски регионален состанок во организација на Меѓународната организација на трудот во Истанбул

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска е избрана за ко-претседавач на 10-тиот Европски регионален состанок во организација на Меѓународната организација на трудот, во Истанбул, Турција, кој започна денеска и ќе трае до 5 октомври. 

Eвропскиот регионален состанок се одржува на секои четири години и на него учествуваат трипартитните конституенти - влади, работодавачи и работници од 51 земја.

Повеќе