30.10.2020

Средба на министерката Шахпаска со градоначалникот Георгиевски: Со Општина Гази Баба имаме одлична соработка која ќе продолжи и во иднина, грижата за сите граѓани е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на која разговараа за досегашните, тековните и идни проекти на општината и нивната заедничка соработка.

Повеќе
30.10.2020

Соопштение

Ве известуваме дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

Повеќе
30.10.2020

Шахпаска: Со Договорот за грант за доградба на градинка, о.Гостивар го проширува капацитетот за 100 деца, до крајот на годината отвораме нови седум градинки за прием на 460 деца на ниво на држава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договор за грант со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, согласно проектот за изградба на нови, надградба или адаптација на постоечките објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во општините.

Повеќе
29.10.2020

Шахпаска: Остануваме партнери во подигнувањето на јавната свест, но пред се во женската солидарност, поддршка и заедничка борба со оваа најчеста малигна болест

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на он лајн панел дискусија на 13-та Национална конференција за рак на дојка на тема "Предизвиците во третманот и лекувањето и на ракот на дојка за време на КОВИД 19", организирана од Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“.

Повеќе
28.10.2020

Министерката Шахпаска во посета на Центарот за социјална работа во Куманово: Центарот за социјална работа во Куманово е успешен пример за интегриран начин на водење на случај

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска во рамки на работните активности на Министерството за труд и социјална политика го посети Центарот за социјална работа (ЦСР) и Дневниот центар за лица со попречености во Куманово.

Повеќе
28.10.2020

Шахпаска: Ги повикувам сите експерти во делот на човековите права и недискриминацијата да конкурираат за избор во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, низ транспарентна постапка да ги избереме најдобрите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги повикува сите оние кои се стручни во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата и ги исполнуваат законските услови, да се јават на огласот за избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, што Собранието на Република Северна Македонија е должно да го објави во рок 15 дена од стапувањето на сила на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Повеќе

27.10.2020

Видео обраќање на министерката Шахпаска на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите“ во Тирана: Преку креирање на политики и стратегии работиме за целосна интеграција на Ромите во општеството 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите“ во Тирана, Република Албанија, преку видео обраќање преку кое ги пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок.

Повеќе
26.10.2020

Шахпаска: Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги, грижата за граѓаните е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска во Клубот на пратеници заедно со градоначалниците на осум општини потпишаа договори за грантови за развој на социјални услуги.

Повеќе
26.10.2020

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на октомврсиските пензии

Oд утре 27.10.2020 година, почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе
22.10.2020

Одржана 3 седница на ЕСС на која се дискутираше за новиот Закон за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено економската криза предизвикана од КОВИД 19

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата 3-та седница со која што заседаваше претстедателката на ЕСС и министерка  за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Повеќе

22.10.2020

Министрката Шахпаска се сретна со претставници на Ресурсниот центар на лицата со посебни потреби: Унапредување на правата на лицата со попреченост и нивна поуспешна социјална инклузија е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Ресурсниот центар на родители на деца со попреченост на која се разговараше за досегашната работа на здружението и можностите и потребите за унапредување на правата на лицата со попреченост во сите сегменти на нивниот живот.

Повеќе
20.10.2020

Министерката Шахпаска ги додели признанијата за најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година. 

Повеќе
20.10.2020

Заменик министерот Хусејин на започнувањето на реализацијата на Стартап програмата во склоп на локалното партнерство за вработување во Битола

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин денеска присуствуваше на започнувањето со имплементација на Локалното партнерство за вработување со Стартап програмата во Битола.

Повеќе

20.10.2020

Шахпаска на јавна расправа за Законот за спречување и заштита од дискриминација: Ова законско решение ги адресира сите основи на дискриминација и е од големо значење за сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на јавна расправа пред второто читање на Законот за спречување и заштита од дискриминација организирана од страна на Комисијата за европски прашања и Комисијата за еднакви можности во Клубот на пратеници.

Повеќе

20.10.2020

Средба на Министерката Јагода Шахпаска со претставници од Националното здружение “Храбро срце”

Денес министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари средба со претставници на Националното здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на срцето и нивните поддржувачи “Храбро срце”.

Повеќе
19.10.2020

Министерката Шахпаска учествуваше на панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска учествуваше на панел дискусија на тема “(Не)видена сиромаштија”, во организација на Сојуз на здруженија на граѓани и поединци “Македонска платформа против сиромаштија” (МППС).

Повеќе

19.10.2020

Шахпаска: Зголемување на капацитетите на градинките, со цел поголем опфат на деца и нивно безбедно згрижување е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на детската градинка „Детска Радост“ клон Темјанушка во населбата Автокоманда, Општина Гази Баба, каде што изминатиов период се работи на нејзино реновирање.

Повеќе
16.10.2020

Министерката Шахпаска на дебата посветена на рабоничките права во време на корона на Текстилијада во Штип

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на дебатата насловена "Работнички права за време на корона – Корона права", во склоп на тридневната Текстилијада во Штип, организирана од страна на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“.

Повеќе

16.10.2020

Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост до крајот на годинава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изврши увид во напредокот на реконструктивниот зафат во еден од објектите на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. Градежните работи и опремувањето, започнати во септември, се одвиваат со планираната динамика и ќе завршат до крајот на годинава, кога во реноновираните простории ќе започне со работа нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост на возраст помеѓу 14 и 26 години. Капацитетот на дневниот центар ќе биде 25 корисници.

Повеќе
15.10.2020

Министерката Шахпаска и првата дама Ѓоргиевска на средба со претставнички од Здружението „Љубов сме – Jemi Dashuri“: Социјалната реформа обезбеди поголема поддршка за сите, заеднички можеме уште повеќе да го унапредуваме системот

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со претставнички на Здружението на жени за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином „Љубов сме – Jemi Dashuri“, на која се разговараше за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените болни од карцином, но и можноста Министерството за труд и социјална политика преку конкретни мерки да придонесе за нивно полесно и поефикасно надминување.

Повеќе

15.10.2020

Турската агенција за соработка и координација–ТИКА донираше бесконтактни термометри и дезифициенти за детските градинки

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и заменик- министерот Енвер Хусејин денеска присуствуваа на предавање на донацијата од страна на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА наменета за Јавните установи за згрижување и воспитание на деца на ниво на држава.

Повеќе
15.10.2020

Меѓународен ден на руралната жена

Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги поддржува жените од руралните средини во нивните напори и иницијативи за подобри услови и можности за остварување на нивните планови. Заради поголема поддршка и нивно охрабрување потребно е да се промовираат и слушаат позитивни искуства на жени кои успеале во реализација на нивните цели. Министерството за труд и социјална политика го честита 15 октомври, Меѓународниот ден на руралната жена.

Повеќе

15.10.2020

Министерката Шахпаска го посети поранешниот Детски дом „11 октомври“ кој прераснува во современ центар за социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети Детскиот дом  „11 октомври“ , кој со процесот на деинституционализација  го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата.

Повеќе

14.10.2020

Средба Шахпаска-Која: Мисијата на ОБСЕ е голем подржувач на политиките за заштита на граѓаните од дискриминација и секаков вид насилство

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и неговите соработници.

Повеќе
13.10.2020

Премиерот Заев, министерката Шахпаска и националниот координатор Алаѓазовски се сретнаа со делегација на Сојузот на борците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Сојузот на борците предводена од претседателот на главниот одбор на сојузот Никола Стојаноски, придружуван од потпретседателот на главниот одбор Борко Зафировски.

Повеќе

13.10.2020

Средба на министерката Шахпаска со холандскиот амбасадор Јан Коп: Холандија е наш голем поддржувач на евроинтегративниот пат и партнер во борбата против дискриминацијата и заштита на човековите права

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава, Дирк Јан Коп.

Повеќе
09.10.2020

Средба Шахпаска - Омер Согут, програмски координатор на ТИКА: Центрите за ран детски развој добиваат донација од дезинфициенси и бесконтактни термометри за тело од ТИКА

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и заменик министерот Енвер Хусејин, денес остварија средба со Халим Омер Согут - Програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА. 

Повеќе

09.10.2020

Шахпаска: Успешната приказна со деинституционализацијата продолжува, нема веќе деца под 18 години сместени во институции, а остануваат уште околу 270 лица за сместување во мали групни домови

Министерката за труд и социјална политика денеска беше во посета на еден од седумте мали групни домови при ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

Повеќе
08.10.2020

Министерката Шахпаска се сретна со родителите и здруженијата на деца/лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со родителите и здруженијата за деца/лица со попреченост во однос на барањата кои беа доставени до сите учесници во пред изборниот процес. 

Повеќе

08.10.2020

Средба Шахпаска-Галовеј: Добрите пријателски односи и поддршка на Обединетото кралство на социјалните политики во нашата држава продолжуваат

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Повеќе

08.10.2020

МТСП: Заложбите за поголема интегрираност на лицата со аутизам во општеството преку унапредување на потребните услови и третмани продолжуваат

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во мојот свет“.

Повеќе
06.10.2020

Децентрализација,деинституционализација, унапредувањето на социјалните услуги се потврда на заложбите на МТСП за поголема грижа за лицата на кои им е потребна

Заменикот министер за труд и социјална политика Енвер Хусејин по повод одбележувањето на Светскот ден на лицата со церебрална парализа денеска учествуваше на настан организиран од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија.

Повеќе

06.10.2020

Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните

Министерката за труд и социјалана политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација организирана од страна Мрежата за заштита од дискриминација.

Повеќе

05.10.2020

Средба Шахпаска – Чупи: Проектите на РЕФ за поголема вклученост на децата Роми во предучилишниот образовен  процес има големо значење и ја има нашата целосна поддршка

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд со седиште во Белград, на која разговараа за досегашните и тековни проекти на кои работи Фондот, со цел поголема инклузија на Ромите во општествениот живот преку помош и поддршка во образовниот и предучилишниот процес.

Повеќе
03.10.2020

Левица ја злоупотребува судбината на стечајците од „Треска“ и ја лаже и манипулира јавноста

Политичката партија Левица, ја злоупотребува судбината на поранешните вработени во АД „Треска“ и во обид да добие ситни политички поени манипулира со јавноста и шири лажни информации.

Повеќе

02.10.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес 2 октомври  2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година.


Повеќе

02.10.2020

Средба Шахпаска-Холштајн: Германија е наш долгогодишен пријател, лојален партнер на многу полиња и голем поддржувач на евроатлансткиот пат на земјава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, на која покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години која како држава се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, беше посочено и очекувањето на првата Меѓувладина конференција во Декември, организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ.

Повеќе

01.10.2020

Средба Шахпаска-Саити: Црвениот крст е наш партнер во заложбите за поголема социо-психолошка и материјална помош и поддршка на најранливите категории

Mинистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити на која што се разговараше за тековните и идни активности и проекти на Црвениот крст и заедничките планови и активности со Министерството.

Повеќе

01.10.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставничките на „Глас против насилство“: Борбата против насилството врз жените и семејното насилство е наш заеднички приоритет  

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставничките на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - „Глас против насилство“, мрежа која опфаќа дваесетина граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во нашата држава.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }