Проект "Отворени денови за социјална заштита во рурални средини"
Со цел за унапредување на социјалната превенција и приближување на социјалната заштита до граѓаните на целата територија на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, реализира проект „Отворени денови за социјална заштита во рурални средина“.
Основна цел на овој проект е приближување на социјалната заштита и социјалната работа до жителите во руралните средини, превенирање и рано откривање на изложеноста на социјален ризик, како и навремена интервенција од страна на центрите за социјална работа. Во рамките на овој проект досега се реализирани три фази и тоа: првата во период септември-ноември 2013 година, втората во текот на 2014 година во перидот фебруари-јуни и третата во периодот септември-декмври.
- Во 2013 година, опфатени се 662 рурални средини во 74 општини на територија на републиката. Во рамките на организираните средби со жителите обезбедени се информации за правата и услугите од социјалната заштита на 4850 граѓани, присутни на отворените денови за социјална заштита. Врз основа на направената анализата на добиените извештаи од центрите за социјална работа, констатирано е дека 410 лица по одржаната средба поднеле барање за остварување на право на парична помош од социјална заштита, во најголем дел за социјална парична помош.
- Во 2014 година проектот се одвиваше во период февруари–јуни, средбите се одржуваа еднаш неделно согласно распоредот. Посетени се 555 населени места во 68 општини низ републиката. Во рамките на организираните средби со жителите се обезбеди информирање за правата и услугите од социјалната заштита на 2227 граѓани, Потреба од дополнителна информација за оставрување на право од социјална заштита побарале 690 лица, од кои 306 поднеле барање во центрите за социјална работа со право се стекнале 199 лица. За право од детска заштита дополнителна информација за правата побарале 48 лица. Обезбедена е стручна помош за 120 жители, во насока на давање на информации, при што се извршени и непосредни увиди во семејствата изложени на ризици од сиромаштија, социјалана исклученост лица без семејна грижа, стари и изнемоштени лица, семејни проблеми и советување на малолетници и преку вклучување во активни мерки за вработување. Информирање, упатување и поврзување со други институции е овозможено за 62 лица.
- Согласно програмата за спроведување на проектот за период септември–декември 2014 планирани се 620 населени места во 73 општини. Реализирани се средби во 610 населенo местo, информирани се 3214 лица за правата и услугите од социјална заштита. Потреба од остварување на право од социјална заштита имале 499 лица и поднесени се 249 барања, донесени се 144 решенија за остварување на правото, за право од детска заштита се стекнале 8 лица, направени се 634 увиди од страна на тимот за посета на корисници на правата од социјална заштита и лица во социјален ризик. Во соработка на центрите за социјална работа и општините за 135 семејства се овозможени донации. Советувалишна работа овозможено е за 22 лица со семејни и брачни проблеми, 10 лица побарале решавање на стамбено прашање. Најмногу прашања се упатени за новата мерка за еднократен отпис на долгови, измените на постапката за стекнување на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, мобилност, слепило и глувост и наглугвост.