Основи на реформата на пензискиот систем во Македонија

 Соочена со ризикот од посериозни потреси во пензискиот систем, кои би се јавиле како резултат на дефицитите во Фондот на пениското и инвалидското осигурување, Владата на Република Македонија уште во 1993 година го отпочна процесот на реформа на системот на пензиско и инвалидско осигурување.

Во периодот до 2000 година, со донесувањето на новиот Закон за ПИО, како и со серија негови измени и дополнувања, во управувањето со државниот пензиски систем беше воведена политика на растечка рестриктивност.  Треба да се има предвид дека рестриктивноста на овие решенија обезбедија ефекти на кус рок  од аспект на рамнотежата меѓу приходите и расходите во системот, приливот на нови пензионери и буџетските трансфери кон Фондот на ПИОМ. Решавањето на предизвиците на подолг рок го наметна прашањето за продлабочување на реформата на пензискиот систем во правец на негова постапна приватизација, решение {то во голем број земји со слични економски перформанси се покажа ефикасно и успешно. Како резултат на тоа, пристапот кон реформата на пензискиот систем почнувај}и од 1996 година беше двонасочен: од една страна, продолжија да се реализираат мерките за зајакнување на стабилноста на државниот пензиски систем преку заокружување на таканаречените параметрички реформи, додека од друга страна, отпочнаа активностите за моделирање на нов пензиски систем, чија цел е постигнување на негова долгорочна солвентност.