Настани/најави/соопштенија
27.03.2024
Хусејин: Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности за сите
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој на организацијата на Обединетите нации 2021-2025 во Република Северна Македонија.
Повеќе
26.03.2024
Велковски: Ќе обезбедиме средства за реновирање на Центарот за лица со посебни потреби во Штип
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на секојдневните теренски посети во градовите низ Македонија, оствари средба со вработените во Центарот за социјални работи и ги посети Дневниот центар за лица со попреченост и Здружението на пензионери од Штип, на кои што средби од страна на присутните беа истакнати наталожените проблеми во текот на изминатите години.
Повеќе
26.03.2024
Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ: Не терајте политика на грбот на децата, 5 минути работа е да ги изгласате измените
На неколку дена пред распуштање на Собранието, предлог законските измени на Законот за заштита на децата којшто беше предложен од техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, а чија што цел е решавање на проблемот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките во Македонија, Собранието одбива да го стави како точка на дневен ред, реагираше денеска министерот Велковски.
Повеќе
24.03.2024
Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина
„Ова што го откривме пред една недела е само еден сегмент од како системот не треба да функционира во една држава и како да ги заштедиме парите кои што не треба да бидат исплаќани незаконски кон корисниците“, рече техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за детектираната злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на средства за над 2200 корисници.
Повеќе
23.03.2024
Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на којашто средба пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи.
Повеќе
22.03.2024
Втора седница на Економско Социјален Совет–
Минимална плата 22 567 денари во нето износ
На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во месец јуни 2024 година.
Повеќе
22.03.2024
Во тек е исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на финансиската помош во месец март согласно Законот за финансиска поддршка. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Повеќе
21.03.2024
Велковски: 150 лица престојуваат во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола, а има само 7 медицински лица
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центарот за социјална работа Битола каде се разговараше за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Велковски го посети и Домот за згрижување на стари лица Сју Рајдер од Битола во кој во моментов престојуваат 150 лица за кои се грижат само 7 медицински лица.
Повеќе
20.03.2024
Велковски: Со пензија под минималните примања и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат
210.000 пензионери во Македонија имаат под минимални примања и со овие пари се оставени да преживуваат од 1ви до 1ви следниот месец, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски кој денеска се сретна со пензионерите од Кичево и Гостивар.
Повеќе
20.03.2024
Велковски: Професионализмот во Центрите за социјална работа мора да биде на највисоко ниво
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центрите за социјална работа во Кичево и Гостивар, на коишто средби директорите и вработените ги истакнаа актуелните проблеми со коишто се соочуваат во процесот на спроведување на тековните активности и пружање социјална заштита за корисниците.
Повеќе
19.03.2024
Реакција
Оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР, нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии. Овој атак има име и презиме, а јавноста многу добро знае кое е тоа.
Повеќе
18.03.2024
Велковски: Милионски криминал во МТСП со социјалната помош
2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
Повеќе