22 ноември 2017 година - Денот на Албанската азбука

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ” бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2017 година (среда), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

 Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честита Денот на Албанската азбука.