31 Јули -Курбан Бајрам

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 31 Јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->