Царовска во Берово: Се унапредуваат социјалните права и ги подобруваме условите за згрижување на стари и на лица со попреченост

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите на денешната работна посета на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на Берово. 

На средбата со вработените во центарот за социјална работа, со пензионерите и со граѓаните, министерката ги објасни придобивките од пакет законите за социјална и за детска заштита за најранливите категории граѓани и за лицата со попреченост. 

„Институциите треба да станат сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита кои се на гласање во Собранието. Со законите за социјална и за детска заштита ги унапредуваме правата на лицата со попреченост. Го зголемуваме опфатот на деца коишто ќе користат детски и образовен додаток за 20 пати и социјално ги обезбедуваме старите лица коишто немаат никакви приходи“, изјави министерката Царовска во Берово.

Министерката Царовска денеска постета на Берово ја искористи за средба со градоначалникот Звонко Пекевски, и со вработените во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа. Министерката го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби, малиот групен дом и  Домот за стари лица „Иван Влашки“.