Честитка на Царовска до социјалните работници: “Социјалните работници се базата на социјалната заштита”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод Денот на социјалните работници упати честитка до социјалните работници во Република Македонија. 

“Социјалните работници имаат целосна поддршка од Министерството за труд и социјална политика и од мене како министер и во оваа прилика би сaкала да потенцирам дека социјалниот работник е базата на социјалната заштита. Од моменталната позиција како министерка за труд и социјална политика се обврзувам дека ќе креираме социјален работник што ќе интервенира на терен, а не само да ги детектира социјалните случаи. Ќе креираме Семеен социјален работник кој нема само да ги препраќа социјалните случаи туку ќе има и право самиот да интервенира во системот семејство. Ќе работиме на плурализација на системот на социјална заштита, односно да можат и другите социјални партнери да се стават во функција да даваат социјални услуги, како што се бизнис секторот, но и здруженијата на граѓани од кои некои во моментов даваат дури и поквалитетни услуги од дел од  самите институции”, подвлече министерката Царовска во честитката.

Urim i Ministres Carovska drejtuar punonjësve social: “Punonjësit social janë baza e mbrojtjes sociale”

Ministrja e Punës dhe Politikës Sociale Milla Carovska, me rastin e Ditës së punonjësve social, ka uruar punonjësit social në Republikën e Maqedonisë. 

“Punonjësit social e kanë përkrahjen e tërësishme të Ministrisë së Punës dhe Politikës Sociale dhe prej meje si ministre,  ndaj me këtë rast do të dëshiroja të theksoj se punonjësi social është baza e mbrojtjes sociale. Nga pozicioni momental Ministre e Punës dhe Politikës Sociale obligohem se do të krijojmë punonjës social i cili do të intervenojë në terren e jo vetëm t’i detektojë rastet sociale. Do të krijojmë punonjës social familjar i cili jo vetëm do t’i ridërgoje rastet sociale, por do të ketë të drejt vet të intervenojë në sistemin e familjes. Do të punojmë në pluralizmin e sistemit të mbrojtjes sociale, respektivisht që edhe partnerët tjerë social të vendosën në funksion të ofrojnë shërbime, siç është sektori i biznesit, por edhe shoqatat e qytetarëve, prej të cilave aktualisht japin madje edhe shërbime më cilësore se sa një pjesë e vetë institucioneve”, nënvizoi ministrja Carovska në urimin e saj.