Демант на написите во медиумите поврзани со наводните “Нови измени во Законот: Жените во пензија на 59, мажите на 61 година“”

Почитувани,

Во врска со написите поврзани со наводните „Нови измени во Законот: Жените во пензија на 59, мажите на 61 година“ Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира ваквите шпекулации и воедно ја информира јавноста дека не работи на законски измени поврзани со предвремено пензионирање.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика  не може да даде одговор за некаква иницијатива од Организацијата на работодавачите на Македонија којашто не е доставена до нас.

Доколку Организацијата на работодавачите на Македонија мисли на иницијативата доставена до МТСП точно пред две години, за истата Министерството, како што знаат и самите, одржа средба со ОРМ и заинтересирани работодавачи членки на ОРМ, на која што им беа пренесени ефектите од иницијативата.

Потенцираме дека ниту Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија не работи на предмети доставени од Организацијата на работодавачите на Македонија.

Повторуваме дека постојните законски одредби за остварување на право на старосна пензија се:  62 години возраст за жена, односно  64 возраст за маж и најмалку 15 години пензиски стаж.