Ги повикуваме компаниите да ги почитуваат законите и да исплаќаат К-15 на работниците  

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината. 

 

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. 

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. 

Истовремено, ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->