ХаБит-прв центар за поддршка на млади лица со попреченост

Во Скопје беше отворен првиот центар во Македонија и во регионот ХабИТ којшто ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот. Исто така, тој на компаниите ќе им овозможува да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи.

ХабИТ беше основан во рамки на Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија и дополнително награден како успешен концепт за социјално претприемништво. Проектот поттикна социјална инклузија на млади лица со попреченост на пазарот на трудот преку нивно интегрирање во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во земјава. Траеше една и пол година и создаде онлајн платформа за учење со 20 целосно пристапни курсеви за бизнис вештини, меки вештини и основни информатички технологии комбинирани со менторство и практично искуство за младите лица со попреченост во селектирани ИТ компании.

На отворањето министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека сите проекти со кои се јакне потенцијалот на лицата со попреченост и компаниите кои ги вработуваат овие лица се од исклучителна важност и најави дека во иднина ќе се работи на унапредување на професионалната реханилитација. ,,Обезбедивме дополнителна поддршка за креирање работни места за лица со попреченост во 2018 година. Со оперативниот план се овозможува во сите мерки за вработување кампонаиите да можат да вработат и лица со попреченост. Работиме и на отворање на два центри за работно - ориентирана рехабилитација, рече Царовска.

Аамбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на отворањето на центарот рече дека учесниците во овој проект ги разбиле митовите и му покажале на бизнис секторот дека младите луѓе со попреченост можат да бидат вработени и целосно да придонесуваат во брзорастечкиот сектор на информатичката технологија во Македонија.

Проектот беше имплементиран од фондацијата „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здруженито на студенти и млади лица со попреченост“ во Македонија. Вклучени беа 10 компании во кои се оставреи шест вработувања и 16 практикантски работи. ​