Хусејин на Конференција посветена на алтернативните услуги за згрижување на деца

Државниот секретар на Министерство за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на конференцијата на која се презентираа резултатите од истражувањето поврзано со побарувачката и понудата на услуги за згрижување деца во рамки на проектот “Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца” финансиран од ЕУ.

 

“Семејството е основната средина во која треба да се обезбедат оптимални услови за правилен раст и развој на децата, кој пак мора да се надополнува со квалитетно воспитание и во периодот пред поаѓање во училиште. Анализите покажуваат дека квалитетното воспитание во периодот на раниот детски развој кај децата влијае врз развојот на критичкото мислење, самодовербата, способноста за пресретнување на проблемите и капацитетот за воспитување на релации со останатите лица од околината. Министерството за труд и социјална политика како надлежно во делот на заштитата на децата пристапи кон донесување на Закон со кој се нудат разни форми на услуги, како и даватели на услуги, а со тоа и обезбедување на универзален пристап на квалитететен ран детски развој за сите деца во земјата”, рече државниот секретар Енвер Хусејин. 

Значајно за проектот е тоа што го поддржува развојот на новите форми на алтернативни услуги за згрижување на деца кои ќе ја збогатат понудата на достапни, пристапни и квалитетни услуги. Во моментот во Република Македонија згрижувањето и воспитанието на децата од предучилишна возраст се остварува во вкупно 65 јавни установи за деца, т.е. детски градинки и 4 јавни центри за ран детски развој распоредени во 59 општини и  33 приватни установи, од кои 20 се приватни детски градинки,  7 се приватни центри за  ран детски развој и 6 се детски градинки организирани како организациони единици во состав на правни лица и приватни училишта со  што дејноста се реализира во 103 установи, односно во 294 објеки и 2 агенции за давање на услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

“Благодарение на овие напори, опфатеноста на можностите за згрижување и воспитание на деца од пред училишна возраст се зголемува, односно од 17% во 2010 година на 27% во 2016 година, или опфатени се 38.454 деца од вкупno  40.443 број на деца на возраст од 0-6 години во Република Македонија додека опфатот на деца од 3-6 години во сите установи за деца изнесува 27.752 што преставува 40% во генерацискиот опфат на деца во Република Македонија. Овие резултати се особено значајни и за нас како ресорно министерство кое што е задолжено да се грижи за најдобриот инетрес на детето бидејќи на овој начин ќе се развијат политики врз основа на докази, но и ќе се зголемат и можностите за соработка помеѓу сите институции и заинтересираните страни на полето на згрижување на децата”, информираше  државниот секретар Енвер Хусејин. 

Истражувањето беше спроведено помеѓу повеќе од 2000 родители во период од Ноември 2016 до Февруари 2017, со цел да се идентификува побарувачката и понудата на услугите за згрижување на деца. Резултатите од истражувањето ја прикажуваат праксата на родителите при користење на услуги за згрижување на деца и нивната перцепција за достапноста и пристапноста на услугите за деца.