Издавање на потврди за користење на бесплатен фудбалски тренинг и бесплатен тренинг за пливање

Министерството за труд и социјална политика Ве информира дека врз основа на Mеморандумот за соработка кој го склучи со Фудбалската федерација на Република Македонија се овозможува бесплатен фудбалски тренинг на децата од 8 до 16 години  кои потекнуваат од семејства приматели на социјална парична помош и деца без родители и  родителска грижа. Ги информираме заинтересираните доколку сакаат да ја користат оваа бесплатна услуга дека може да се обратат во месно надлежниот центар за социјална работа со цел издавање на потврда за користење на услугата. 

Исто така, врз основа на склучениот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Пливачката федерација на Македонија, се овозможува бесплатен тренинг за пливање на децата на возраст од 6 до 12 години  кои потекнуваат од социјална парична помош, постојана парична помош, деца без родители и родителска грижа, како и деца корисници на посебен додаток или детски додаток. И за оваа услуга заинтересираните треба да се обратат во месно надлежниот центар за социјална работа со цел издавање на потврда за користење на услугата.