Известување заполагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

31.01.2019 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите (теоретски дел), од 12:30 до 14:30 часот и

27.02.2019 година - Испит за проверка на практичната способност на кандидатите (практичен дел), од 10:00 до 12:00 часот. 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – компјутерски центар (приземје), бул. „Гоце Делчев" бр.96, Скопје.

Повеќе информации овде