Извршено ажурирање на веб страницата на министерството

Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека во насока на поголема транспарентност и отчетност изврши ажурирање на официјалната веб страница www.mtsp.gov.mk со податоци кои до сега не беше пракса да се отворени и достапни за јавноста.

Имено, согласно со насоките на Владата на Република Македонија, а коишто произлегоа од Одлуката од 34-та седница на Владата со која институциите беа задолжени јавно преку официјалните веб страници да публикуваат 21 документ, од областите на работа за кои се надлежни, со сите податоци важни за јавноста (контакти, нормативи, услуги, и друго), МТСП пристапи кон дополнување и објавување на документите и податоците кои се важни за граѓаните за да имаат непречен пристап до истите.

Во прилогот ажурираните документи достапни на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Истите се достапни и на следниов линк http://www.mtsp.gov.mk/sloboden-pristap-do-informacii-ns_article-lista-na-informacii-od-javen-karakter-so-koi-raspolaga-ministerstvoto-za-trud-i-socijalna-politika.nspx