ЈАВЕН ОГЛАС

Министерството за труд и социјална политика објавува оглас за номинација на тројца кандидати за член во GREVIO- Group of experts on Action against violence against Women and domestic Violence . GREVIO е независно експертско тело одговорно за мониторинг и имплементација на Истанбулската конвенција. Членовите ги номинира Владата на Република Македонија со доставување на три номинации до GREVIO за кандидати кои ги исполнуваат потребните критериуми. GREVIO на седницата во април 2019 година ќе ги разгледа доставените номинации и ќе избере еден член на телото со мандат од 4 години. Новоизбраниот член ќе започне со работа од 1 јуни 2019 година. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми: 

1. Работно искуство во областа на човековите права, родовата еднкавост, борба против насилство врз жените и домашно насилство, поддршка и заштита на жртвите; 2. Можност и време за чести патувања и присуство на сите состаноци на телото;3. Работно искуство во истражувачки проекти, спроведување и подготовка на истражувачки извештаи; 4. Одлично познавање на Англиски или Француски јазик 

Лица кои имаат одлучувачки работни позиции во државните институции и друг вид на слични институции за креирање и имплементација на политики за насилство врз жените и домашно насилство, немаат право да аплицираат.  

Кандидатите со работно искуство од областа на правото и правна заштита на жртвите на насилство и кандидтите од областа на медицината и заштита на жртвите на насилство ќе имаат предност. 

Рокот за доставување на апликации за кандидатура е до 31.01.2019 година (четврток) до 12:00 часот на следната емаил адреса: gmustafova@mtsp.gov.mk 

Потребно е да се достават следните документи: 

1. Кратка биографија CV на англиски јазик согласно моделот за CV доставен од GREVIO во прилог. 2. Доказ за познавање на еден од потребните јазици 3. Минимум две препораки во однос на потребните критериуми 

На следниот линк може да се видат деталните критериуми за избор на член на GREVIO :  https://search.coe.int/cm/Pages/result_details.aspx?ObjectID=09000016805c4ba0 

Модел за CV Grevio

Резолуција за избор на членови на Grevio

 

Почитувани, информации за избрани кандидати за член на  GREVIO можете да најдете овде: 

ИЗБОР НА КАНДИДАТИ