Јавен повик за пројавување интерес на општините и општините во Градот Скопје за  изградба и  проширување на  капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст за 2018 година

Министерството за труд и социјална политика објавува jавен повик за пројавување интерес на општините и општините во Градот Скопје за изградба и проширување на капацитетите на детските градинки/центри за ран детски развој, реконструкција и адаптација на други објекти и групи во други просторни услови. 

Право на учество на јавниот повик имаат сите општини во Република Македонија и општините во Градот Скопје, кои се заинтересирани во 2018 година за изградба на нови детски градинки /центри за ран детски развој како и за проширување на постоечките капацитети, реконструкција и адаптација на други објекти и групи во други просторни услови. 

Рокот за пројавување на интерес е заклучно сo 20 ноември 2017 година.

Општините кои ќе пројават интерес треба да достават пријава и пополнет образец за пријавување на интерес до Министерството за труд и социјална политика на ул. ,,Даме Груев", бр. 14 со назнака за: Сектор за заштита на децата.

Лица за контакт:

Вера Ристовска: vera.ristovska@mtsp.gov.mk  

Јорданка Николовска: jordanka.nikolovska@mtsp.gov.mk

                                    

Во прилог: Процедура за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст