Јавен повик за пројавување на интерес на општините и општините во Градот Скопје во Република Македонија за изградба и проширување на капацитетите за дневно згрижување и капацитети за давање на социјална услуга на корисници на социјална заштита
Министерството за труд и социјална политика објавува jавен повик за пројавување интерес на општините и општините во Градот Скопје во Република Македонија за изградба, проширување, реконструкција и адаптација на капацитетите за дневно згрижување и капацитети за давање на социјална услуга на корисници на социјална заштита.
Право на учество на јавниот повик имаат сите општини и општините во Градот Скопје во Република Македонија кои се заинтересирани во 2018 година за изградба на капацитети за дневно згрижување и капацитети за давање на социјална услуга на корисници на социјална заштита, како и за проширување на постоечките капацитети, или реконструкција на објекти.
Рокот за пројавување на интерес е заклучно сo 20 ноември 2017 година.
Општините кои ќе пројават интерес треба да достават пријава и пополнет образец за пријавување на интерес до Министерството за труд и социјална политика на ул. ,,Даме Груев”, бр. 14, со назнака за: Сектор за социјална заштита.
Сите дополнителни прашања поврзани со овој јавен повик можете да ги доставите на следната електронска адреса:
Зихра Мемети: ZMemeti@mtsp.gov.mk
Софија Спасовска: SSpasovska@mtsp.gov.mk