МТСП: Ги доближуваме социјалните услуги до граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Софи Беамонт, преставничка на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Роберт Кроис, тим лидер на проектот, денеска во Дневниот центар за Даунов сидром во Скопје со симболичен настан го означија стартот на проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“. Проектот е финасиран од Делагацијата на ЕУ во Скопје, а го спроведува „Ептиса“.

Целта е преку проектот да се обезбеди поддршка на процесот на одржлива деинституционализација и децентрализација во социјалните услуги преку воспоставување социјални услуги базирани во заедницата низ целата земја, подобрување на лицата со попреченост кои живеат во пошироката заедница и независно живеење.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека со актуелниот усвоен Закон за социјална заштита повеќе не постои правна пречка со што се отвартаат можности за лицата со попреченост да го збогатат својот живот.

„Признавањето на правото да живеат во заедницата, да им се овозможи на луѓето да го живеат својот живот во целост во општеството и да пристапат до јавната сфера е предуслов секој да ги ужива своите човекови права, во домот и меѓу заедницата. Затоа ние како влада посветено изминатите две години работиме на развој на сервиси на локално ниво, кои ќе им го олеснат животот на лицата со попреченост но и ќе придонесат за нивна поголема видливост и инклузија во општетсвото“, изјави Царовска.

Софи Беамонт, претставничка на Делегацијата на Европската унија во Скопје изјави дека ЕУ многу ја поздравува посветеноста на министерката Царовска за деинституционализација и унапредување на услугите засновани во заедницата.

„Преку овој проект финансиран од ЕУ „Поддршка за социјални услуги засновани во заедницата и деинституционализација“, заедно со други мерки финансирани од ИПА II во овој сектор, ЕУ активно го поддржува Министерството за труд и социјална политика и работи со општините и акредитирани даватели на услуги на социјална услуги, како и со клучни развојни партнери за да донесе позитивна промена на локално ниво “, рече Беамонт.

Роберт Кроис, тим лидер на проектот вели дека проектот ќе трае 2,5 години, а неговата цел е да помогне во децентрализацијата на социјалните услуги.

„Проектот ќе се осврне на одржливо и координирано делување на Министерството и нејзините институции, активно вклучени во процесот на деинституционализација, децентрализација и плурализам, преку конкретни мерки и континуиран развој на алтернативни услуги засновани во заедницата во општините во Република Северна Македонија “, изјави Роберт Кроис, тим лидер на проектот.