МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на долунаведените права за месец Јануари 2019 година.

 

Права од социјална заштита:

 
• Социјална парична помош
• Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега) 
• Цивилна инвалиднина 
• Мобилност и слепило 
• Постојана парична помош 
• Еднократна парична помош 
• Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа
• Сместување во згрижувачко семејство
• Парична помош за студирање 
• Парична помош за згрижувач
• Социјално домување
• Азиланти домување
• Социјална парична помош  за азиланти
• Субвенции за електрична енергија

Права од детска заштита:

 
• Детски додаток
• Еднократна парична помош за новороденче 
• Родителски додаток за трето дете
• Родителски додаток за четврто дете
• Единствен родителски додаток 
• Посебен додаток-за месец 2/2019 година.