МТСП: Семејството Демирови од Штип ќе добие еднократна парична помош 

Седумчленото семејство на 40 годишниот Ѓунеј Демиров од Штип чија што куќа вчераутро се опожари и коешто остана без кров над глава ќе добие помош од Министерството за труд и социјлајна политика.

Демиров кој живее со својата сопруга, двете деца, бабата и внукот иако не е корисник на социјална парична помош ќе добие еднократна парична помош. Имено, тој иако не е корисник ниту на било кое друго право со оглед на состојбата во којаштро се наоѓа во моментов и е состојба на ризик има право да добие еднократен паричен надоместок.

Министерството за труд и социјална политика секогаш ќе излегува во пресрет на лицата во социјалне ризик кои имаат потреба.