МТСП: Со последното усогласување априлската минимална нето плата расте на 12.507 денари

Минималната бруто плата се усогласува за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари. Согласно Законот за минимална плата усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец април годинава. Во моментот бруто минималната плата во Република Северна Македонија изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари во нето износ. Со последното усогласување минималната плата ќе порасне за 573 денари во бруто износ.

Согласно Законот минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

За усогласувањето на висината на минималната плата денеска свое мислење даде и Економско- социјалниот совет, во кој освен владини преставници учествуваат и синдикатите и работодавачите.