Со силно темпо и со крупни чекори го фаќаме ритамот на европските напредни практики за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост

Владата, во координација со Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, предничи и ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правен капацитет, пристап до правда, здравство, политичко учество, вклучително и правото да гласаат и да бидат гласани на избори, истакна денеска во своето обраќање претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември, и на завршната конференција на ЕУ проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.

„За разлика од претходните, речиси минимални активности за спроведување на одредбите од Конвенцијата, со стартот на работата на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во 2018 година, се воспостави рамка која вклучи независни механизми за промовирање, заштита и следење на спроведувањето конвенција согласно препораките на ОН. Дополнително, Акцискиот план на Национално координативно тело за  правата на лицата со попреченост обезбеди јасен пакет на приоритети и насоки за спроведување на Конвенцијата“, истакна премиерот Заев, апелираше сите постојни и нови закони, политики и програми усвоени од Владата, да бидат во согласност со Конвенцијата, и додаде дека останува и понатаму определбата за инклузивност и за конструктивен дијалог со репрезентативните организации на лицата со попреченост за целосно остварување на слоганот „Ништо за нас - без нас“.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека со социјалната реформа се унапредуваат правата и се развиваат услуги за лица со попреченост, а МТСП ги зголеми финансиските трансфери кон лицата со попреченост.

„Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост. Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата . Речиси сите деца имаме, уште 2 деца, се извадени од институциите и се згрижени во групни домови. Со Законот ја гарантиравме персоналната асистенција и услугата одмена во домот. Овие услуги ќе ги развиваат општините. Навистина сум среќна што од вкупно 65 општини кои аплицирале кај нас за грантови дури 56 аплицирале за развој на услуги во домот за лица со попреченост и ги поттикнувам исто така организациите да се вклучат во овој процес“, рече Царовска.

Министерот Венко Филипче ги презентираше бројните мерки и активности што ги спроведува Министерството за здравство за да им се овозможи на лицата со попреченост целосно вклучување во општеството, како меѓународно признаено универзално право.

„Активно се вклучивме во интерсекторскиот проект за подготовка на новиот модел на функционалната проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на Меѓународната Класификација на Функционалности како значајна реформа базирана на светските текови за давање на потполна поддршка на најмладата популација во општеството подготвен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Дадовме целосна поддршка на процесот и преку реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење на болести поврзани со нивна попреченост. Отворивме Пилот Центар за функционална спреченост и поддршка на деца и млади во Скопје и сензорна соба, која третира вакви деца и го заокруживме процесот на опфаќање деца во рамки на одделението за логопедија, како и деца од одделението за рехабилитација на слух, кои имаат потреба од дополнителен третман“, рече министерот Филипче и истакна дека Министерството за здравство ќе продолжи со активностите за подигање на свеста на здравствените работници и за зајакнување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост.

Арбер Адеми, министерот за образование и наука, зборуваше за приоритетите на министерството меѓу кои се издвојува јакнењето на стручните служби во училиштата кои работат со учениците со попреченост, како од аспект на обезбедување доволен број наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, педагози и психолози, така и од аспект на подигнување на нивната стручност преку континуирани обуки и тренинзи, но и зголемување на мотивацијата за работа преку подобрување на материјалниот статус и условите во кои ги извршуваат работните обврски.

„За оваа учебна година, ангажиравме вкупно 295 образовни и лични асистенти, кои заедно со сите останати членови на инклузивниот тим од кој дел се и самите родители, ќе им помагаат на учениците за полесно совладување на материјата и подигнување на свеста на другите ученици за потребите на учениците со попреченост“, информираше министерот Адеми.

Координаторот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, Спасе Додевски, нагласи дека ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост е обврска за сите влади за неодложно имплементирање на нејзините препораки.

„Гордо и со исклучително задоволство, тврдам, дека со силно темпо и со огромни чекори го фаќаме ритамот на европските напредни практики и ја менуваме свеста преку мотивот едно општество и исти права за сите. Воедно ве убедувам дека по квалитетот и одржливоста на основниот систем за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во здравство, образование и социјална заштита кој го воспоставивме сме најдобри во регионот. Ова се должи на блиската меѓуресорска соработка со која се гордеам, и на посветеноста на сите вклучени за поддршка на процесот“, потенцираше Додевски.

Шефот на делегацијата на ЕУ во нашата земја, амбасадорот Самуел Жбогар истакна  дека имплементацијата на Конвенцијата на ОН, и политиките на Европската Унија за поддршка на лицата со попреченост за единство во различностите, се совпаѓаат со принципите на стратегијата за едно општество за сите на Владата. Tој нагласи дека тоа беше и главната мотивација за поддршка на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, имплементиран во партнерство помеѓу Националниот совет на инвалидските организации, Македонскиот Институт за медиуми и Институтот за разsличности во медиумите од Лондон, во чии рамки денеска беше презентиран и прирачникот за граѓанските организации кои работат на унапредување на состојбата на лицата со попреченост „Попреченост: На виделина“. 

Me tempo të shpejtë dhe me hapa të mëdhenj jemi duke e kapur ritmin e praktikave të avancuara evropiane për implementimin e Konventës së KB-së për të drejtat e personave me aftësi të kufizuara 

Qeveria, në koordinim me Trupin Koordinues Nacional për zbatimin e Konventës së KB-së për të drejtat e personave me aftësi të kufizuara, promovon dhe mbron të drejtat e personave me aftësi të kufizuara në këto sfera: barazi dhe mosdiskriminim, liria e lëvizjes, jetesa e pavarur, arsimi, qasje deri te mallrat dhe shërbimet, punësimi, aftësia ligjore, qasja në drejtësi, shëndetësi, pjesëmarrje politike, duke përfshirë të drejtën për të votuar dhe për t’u votuar në zgjedhje, tha në fjalimin e tij Kryetari i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Zoran Zaev, në shënimin e Ditës Ndërkombëtare të Personave me Aftësi të Kufizuara – 3 dhjetor, dhe në konferencën përfundimtare të projektit të BE-së “Aftësia e kufizuar është çështje perceptimi".

“Ndryshe nga të kaluarat, pothuajse aktivitete minimale për zbatimin e dispozitave të Konventës, me fillimin e punës së Trupit Koordinues Nacional për të drejtat e personave me aftësi të kufizuara në vitin 2018, u krijua kornizë e cila përfshin mekanizma të pavarur për promovimin, mbrojtjen dhe ndjekjen e zbatimit të Konventës në harmonizim me rekomandimet e KB-së. Plani i Veprimit i Trupit Koordinues Kombëtar për të drejtat e personave me aftësi të kufizuara siguroi një paqetë të qartë të prioriteteve dhe drejtime për zbatimin e Konventës”, theksoi Kryeministri Zaev dhe apeloi që të gjitha ligjet e reja dhe ekzistuese, politikat dhe programet e miratuara nga Qeveria, të jenë në harmonizim me Konventën dhe shtoi se mbetet përcaktimi për përfshirje dhe dialog konstruktiv me organizatat përfaqësuese të personave me aftësi të kufizuara për plotësimin e tërësishëm të sloganit “Asgjë për ne – pa ne”. Ministrja e Punës dhe Politikë Sociale, Milla Carovska theksoi se me reformën sociale avancohen të drejtat dhe zhvillohen shërbime për persona me aftësi të kufizuara, ndërsa MPPS-ja rriti transferimet financiare për personat me aftësi të kufizuara.

“Sollëm një të drejtë për kompensim për personat me aftësi të kufizuara intelektuale. Kemi rritur shtesën me orar pune të shkurtuar deri në 50% të pagës mesatare. Pothuajse të gjithë kemi fëmijë, edhe dy fëmijë, janë larguar nga institucionet dhe janë sistemuar në shtëpitë në grupe. Me këtë Ligj garantojmë asistencën personale dhe shërbimin për pushim në shtëpi. Këto shërbime do të zhvillojnë komunat. Jam vërtet e lumtur që nga 65 komunat që kanë aplikuar për grante, 56 kanë bërë kërkesë për zhvillimin e shërbimeve në shtëpi për personat me aftësi të kufizuara dhe i inkurajoj organizatat që të përfshihen në këtë proces”, tha Carovska.

Ministri Venko Filipçe prezantoi një sërë masash dhe aktivitete që i zbaton  Ministria e Shëndetësisë për t’u mundësuar personave me aftësi të kufizuara të integrohen plotësisht në shoqëri, si e drejtë universale e njohur ndërkombëtarisht.

“Në mënyrë aktive jemi përfshirë në projektin ndërsektorial për përgatitjen e një modeli të ri të vlerësimit funksional për mbështetje shtesë arsimore, shëndetësore dhe sociale të fëmijëve apo të rinjve, bazuar në Klasifikimin Ndërkombëtar të Funksioneve, si një reformë e rëndësishme e bazuar në tendencat botërore për të dhënë mbështetje të plotë për të rinjtë në shoqëri, e përgatitur nga Organizata Botërore e Shëndetësisë dhe UNICEF. Ne i kemi dhënë mbështetje të plotë procesit duke reformuar dhe hapur qendra të reja shëndetësore për ndërhyrje të hershme që do të monitorojnë zhvillimin e fëmijëve me indikacionin më të vogël të sëmundjeve që lidhen me aftësi të kufizuara në moshë të re. Ne kemi hapur një Pilot Qendër për aftësi të kufizuara funksionale dhe mbështetje për fëmijë dhe të rinj në Shkup dhe një Senzor Sallë, e cila trajton këta fëmijët, dhe kemi përfunduar procesin e përfshirjes së fëmijëve në repartin e terapisë së të folurit, si dhe fëmijë në repartin e rehabilitimit të dëgjimit që kanë nevojë për trajtim shtesë ”, tha ministri Filipce, duke theksuar se Ministria e Shëndetësisë do të vazhdojë aktivitetet për të rritur ndërgjegjësimin e punonjësve shëndetësorë dhe për të forcuar kapacitet e institucioneve shëndetësore publike, si përgjigje e nevojave të personave me aftësi të kufizuara.

Arbër Ademi, Ministri i Arsimit dhe Shkencës, foli për përparësitë e Ministrisë, përfshirë forcimin e shërbimeve profesionale në shkollat që punojnë me nxënës me aftësi të kufizuara, sigurimi i mësuesve të mjaftueshëm, edukatorëve special dhe rehabilituesve, pedagogëve dhe psikologëve,  gjithashtu edhe në drejtim të përmirësimit të ekspertizës së tyre përmes trajnimeve dhe trajnimeve të vazhdueshme, por edhe rritjes së motivimit të tyre për të punuar në përmirësimin e statusit të tyre material dhe kushtet në të cilat ata kryejnë punën e tyre.

“Për këtë vit shkollor, kemi angazhuar gjithsej 295 asistentë arsimorë dhe personal, të cilët, së bashku me të gjithë anëtarët e tjerë të ekipit gjithëpërfshirës, ku marrin pjesë edhe vetë prindërit, do t'u ndihmojnë nxënësve të kuptojnë më mirë lëndën dhe të ndërgjegjësojnë nxënësit e tjerë për nevojat e nxënësve me aftësi të kufizuara”, informoi ministri Ademi.

Koordinatori i Trupit Koordinativ Nacional për zbatimin e Konventës së KB-së, Spase Dodevski, theksoi se ratifikimi i Konventës së KB-së për të drejtat e personave me aftësi të kufizuara, është obligim për të gjitha qeveritë për zbatim të menjëhershëm të rekomandimeve të saj.

“Me shumë krenari dhe kënaqësi mund të them se me rritëm të shpejtë dhe hapa të mëdhenj, kapim ritmin e praktikave të përparuara evropiane dhe duke ndryshuar vetëdijen tonë përmes motivit të një shoqërie dhe të drejtave të barabarta për të gjithë. Në të njëjtën kohë, ju siguroj se ne jemi më të mirët në rajon për sa i përket cilësisë dhe qëndrueshmërisë së sistemit bazë të përkrahjes dhe përfshirjes së personave me aftësi të kufizuara në shëndetësi, arsim dhe përkujdesje sociale. Kjo është për shkak të bashkëpunimit të ngushtë ndërministror për të cilin jam krenar dhe angazhimit të të gjithëve të përfshirë për të mbështetur procesin”, tha Dodevski.

Kryesuesi i delegacionit të BE-së në vendin tonë, ambasadori Samuel Zhbogar theksoi se implementimi i Konventës së KB-së dhe politikat e Bashkimit Evropian për mbështetjen e personave me aftësi të kufizuara për unitet në diversitet, përputhet me parimet e Strategjisë për një shoqëri për të gjithë në Qeveri. Ai theksoi se ky ishte motivimi kryesor për mbështetjen e projektit "Aftësia e kufizuar është çështje perceptimi", zbatuar në partneritet mes Këshillit Kombëtar të Organizatave të Invalidëve, Institutit të Mediave në Maqedoni dhe Instituti për Dallime në Media nga Londra, në kuadër të të cilave u prezantua edhe doracaku për organizatat qytetare të cilat punojnë për avancimin e gjendjes së personave me aftësi të kufizuara “Aftësia e kufizuar: Në dritë ".