Заменик министерот Бајрактар со претставниците на Светска банка во обиколка на објектите и општините кои ќе бидат опфатени со Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита, во вредност од 30 милиони евра обезбедени од Светска банка, со гостие од Светска банка посетија повеќе објекти и општини во Скопје.

Имено,  Бајрактар во придружба со Harry Patrinson, Cem Mete, Iamele Rigolini, Марина Петровиќ, Бојана Нацева, како и со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски ја посетија градинката Пампурче која е на територија на општината каде што се запознаа со условите во истата.

Во рамки на вториот ден од презентацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита беше остварена и средба со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, а потоа беше посетен и Дневниот центар во Шуто Оризари.

Да потсетиме. Со презентација пред високи преставници од Светска банка, градоначалници, и директори на центри за социјални работи, во Владата на Република Македонија беше означен стартот на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита,  а во следните черири години ќе го спроведува Министерството за труд и социјална политика.

Се очекува со Проектот да се постигнат значајни резултати кои се во согласност со тековната реформа за социјална заштита и заштитата на децата, односно да се зголеми пристапот и квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги и предучилишните услуги. Предвидено е да се создадат дополнителни 7.500 нови места во градинките преку изградба на нови објекти и пренамена на постоечките, како во урбаните така и во руралните подрачја. Со проширувањето на мрежата на предучилишни установи се планира да се зголеми  опфатот на деца  од 3 до 6 години за 50%. Со имплементацијата на Проектот се очекува и повеќе од 3.000 корисници да имат бенефит од  новите вонинституционални социјални услуги обезбедени на локално ниво.

Со прокетот ќе се развие интегриран софтвер за администрирање на парични надоместоци и социјални услуги со што ќе се поддржи социјалната реформа. Исто така, ќе се воведе семеен социјален работник кој ќе биде задолжен да ги следи потребите на секое семејство коешто е во социјален ризик.